Кога зборуваме за Бангладеш првата асоцијација ни е – дожд, монсуни, поплави….и не сте далеку од вистината. Од тие причини околу 70% од вкупната популација на оваа држава живее во бараки, кој што во поголем дел не се поврзани на електричната мрежа. Во топлите летни денови овие бараки се буквално микробранови печки.
Овие да речиме „лоши“ услови на живеење се идеални за креирање на иновации. Имено проектот наречен Еко-Кулер се шири ширум Бангладеш нудејќи нов electricity-free метод за ладење на овие објекти. Убавината на овој проект, покрај тоа што не се користи електричната енергија, е што за да изработите еден ваков „кулер“ ви се потребни неколку пластични флаши и дрвена табла.
Погледнете го видеото кое што детално ќе ви ги објасни принципите на работење на овој климатизер:
Извор: INFLSCIENCE