Најбитниот дел на прозорот е ИЗО стакло. Овој дел го сочинува 70% на вкупната површина на прозорците. Самите карактеристики на прозорците, како што е звучна или топлотна изолација најмногу зависат од ИЗО стаклото
ИЗО стаклото е тело составено од повеќе стаклени плочи кои се меѓу себе одвоени со херметички затворен простор кој е исполнет или со воздух или со некој друг гас.
Самиот квалитет на ИЗО стаклото, зависи пред сè од тоа каков вид на стакло сакаме да вградиме. Флоат стакло е рамно, проѕирно стакло, кое стандардно се вградува во ИЗО стакло и има дебелина од 3 – 10 милиметри. Ламинирано стакло е составено од две или повеќе плочи на флоат стакло, кои се составени со фолија. Ова стакло пред сè се користи како сигурносно стакло, бидејќи доколку дојде до кршење на ваков вид на стакло тоа не се распаѓа на помали делови, туку остануваат залепени на фолија. Калено стакло е флот стакло кое е термички обработено. Орнамент стакло е декоративно стакло, кое има нерамна површина. Овие стакла можат да бидат бели, бронзени или жолти.
К – фактор е коефициент на топлинската спроводливост на стаклото. Овој фактор нѝ покажува колку топлина ќе се пренеси низ стакло, во вати (W) низ еден метар квадратен на стаклена површина. Стаклото кое има низок К – фактор е поквалитетно и обратно – стакло со висок К – фактор нема квалитетни топлински карактеристики. Нискиот К – фактор, покрај изборот на квалитетно стакло, можеме да го добиеме на неколку начини:
- Дебелина и број на меѓупростори
К- факторот можеме да го намалиме со поголем број на меѓупростори помеѓу стаклата, како и со што поголема ширина на меѓупросторот. Значи помал К – фактор можеме да добиеме со употреба на двослојни или трослојни ИЗО стакла. На пример 4+10+4+10+4 што значи 3 стакла дебели 4 милиметри кои се меѓу себе раздвоени со 10 милиметри .
- Полнење на меѓупросторот
Доколку меѓу просторот го наполниме со некој од овие гасови: аргон, криптон, или SF6, К- факторот битно се намалува.
- Избор на стаклото
Дебелината на самото стакло има мало влијание на К – факторот. Доколку употребиме Low – E стакла, К – факторот битно се намалува. Најдобра комбинација е Флот надворешно стакло и внатрешно Low – E стакло.
*Оригиналниот текст е превземен од: https://www.energetska-efikasnost.undp.hr/index.php?option=com_content&view=article&id=253&Itemid=207