Новосадскиот саем, од наредната година ќе биде проширен за четири нови изложбени хали, кој што ќе се греат и ладат со користење на обновливи извори на енергија. Оваа го најави генералниот директор на Новосадскиот саем, др. Драган Лукач.
„Нашата идеја е да во овие хали инсталираме топлински пумпи и соларни панели. Кинеските партнери ја прифатија нашата понуда да учествуваат во финансирање на овој проект. Прелиминарниот договор подразбира, да на кинеските партнери дадеме во закуп околу 1500 метри квадратни на деловен простор во постоечките хали на нашиот саем, каде што ќе ги произведуваат сончевите панели, кој што ќе се продаваат како на нашиот така и на ЕУ пазарот.“
Со членовите на кинеската делегација, која што беше составена од претставниците на кинеската амбасада во Белград, инвеститори и банкари, е договорено дека во наредните две недели ќе се припреми проектот, а на есен ќе се започне со собирање на сите потребни административни документи, како и со рушење на старите хали. Изградбата на нови хали ќе се започне за почеток на 2014 година.
Она што паѓа во очи е дека кинезите го пронајдоа патот за да ги заобиколат анти дампинг царините на ЕУ, а она што останува е да видиме која компанија ќе ги изгради погоните за производство на сончеви панели.
Извор:Solarni biznis