Гео – термалната енергија долго време е сметана како еден од најкорисните видови на обновливи видови наенергија. Исто така инвестициите во овој вид на технологија и нивната економска оправданост речиси никогаш не била во прашање. За разлика од другите обновливи видови на енергија овој вид не зависи од надворешни услови како сонце, ветар или дожд. Исланд, Филипините, Јапонија, Швајцарија, САД и Италија се земјите каде најповеќе се искористува овој вид на енергија.
Сепак без разлика на економската оправданост и сите останати бенефити од овој вид на енергија има еден голем проблем кој се јавува со изградбата на гео термални постројки. Имено во близина на некои гео термални постројки се забележани помали земјотреси. Научните сметаат дека тие земјотреси се последица на длабоките бунари кои се потребни за да се извади гео термалната вода. Оние кои живеат блиску до овие пострјки се тие кои ги имаат осетено овие потреси најмногу.
2006 во Базел, Швајцарија во близина на локалната гео термална постројка беа осетени таков вид на потреси. Сепак локалното населени не било загрижено поради помалите потреси кои се случувале туку поради тоа што тоа било подрачјтето кое било епицентар на еден од најразорните земјотреси во историјата на Швајцарија. Друг пример е градот Андерсон Спрингс во Калифорнија, кој е можеби рекордерот по потреси кои се случуваат како последица на работата на гео термалните постројки. Имено забележани се 402 земјотреси во период од 6 години од кога е отворена гео термална централа. Сепак вреди да се спомене дека сите овие земјотреси предизвикале помали материјални штети и во ниеден случај не биле доволно големи за поголеми штети. Напукнати зидови се најчеста последица.
Најголемата загриженост е поради плановите на големите компании кои се во оваа дејност а кои во трката за профит најавуваат копање на подлабоки бунари а кои според дел од научниците може да водат до поголеми земјотреси. Иако компаниите се правдаат дека со примена на нови технологии и внимателно одбирање на локација можи да се избегнат земјотреси сепак никој не можи со сигурност да кажи дека тоа е така.
Македонија има голем потенцијал кога станува збор на гео термална енергија. Имено откриени се повеќе од 25 извори на термални води со температура поголема од 21 степен. Сепак малку е направено во ова поле и нема големи инвестиции во Македонија во гео термална енергија така да нема простор за загриженост. Кратовско-Злетовскиот и Гевгелискиот регион се места каде се смета дека има извори со температура поголема од 100 степени што се смета дека е погодно и прв услов за изградба на топлани и електрани. Во секој случај доста сме далеку од сериозни вложувањ во ваков вид на постројки а со тоа и далеку од грижите кои доаѓаат со тоа.