Термички карактеристики
Ѕидовите направени од бали на слама, заштитени со малтер или со кал и имаат можност да акумулираат и емитираат топлина – во текот на денот ја акумулираат топлината, а во текот на ноќта истата ја емитираат и во исто време се ладат. Монолитниот состав е клучен за овие добри термо изолациони карактеристики на ѕидовите од слама. Нивната предност во однос на класичните ѕидови се:
- Висока стапка на триењето помеѓу балите од слама ги задржува на едно место без додавање на дополнителни материјали.
- Отсуство на хоризонтални и вертикални споеви резултира со појава на мини ладни мостови(топлинската спроводливост на спојницата никогаш не е иста со топлинската спроводливост на вѕиданиот елемент, а термо изолацијата нема да ја анулира оваа разлика)
- Еднослоен ѕид овозможува правилна размена и регулација на надворешни и внатрешни температури, без создавање на кондензирана водена пареа на внатрешната страна на ѕидот
Градење
Градењето на овие куќи е слично како и градење на монтажни куќи. Скелетот на куќата се поставува на припремена основа. Ѕидовите, составени од сламени бали, обично се поставуваат од кога ќе се постави покривот на куќата, но ова не е обврзувајќи. Ова се прави пред се, ѕидовите да се заштитат од надворешните временски влијанија.
Без разлика да ли ѕидовите ќе се формираат пред или после поставување на покривот, тие се формираат слично како и кога ги ѕидаме ѕидовите со класична тула. Кога ги поставуваме ѕидовите, можеме да поставиме и лесна арматура: метални шипки или трска. Исто така, самите ѕидови можат да бидат изградени во комбинација: бали од слама и класична тула или со други материјали.
Покривот
Куќата направена од бали на слами може да се заштити со класичен дрвен покрив, а самиот покрив може да биди покривен со било како стандарден материјал – цреп, лим…итн.)
Вертикални и хоризонтални оптоварување
Голем број на градежници во С.А.Д. се одлучува за традиционални дрвени скелетни системи за да ги прифатат товарот на објектот. Хоризонталните оптоварување предизвикани од страна на јаки ветрови и сеизмички потреси се решаваат со обични челични утеги. Ѕидовите направени од слама, треба пред се да бидат добро заштитени од негативните влијанија на ветерот. Тестовите покажаа да ѕидовите од слама кои што се прекриени со малтер можат да издржат притисок од 240 kg/m².
Извор:Build magazin