Локалниот еколошки акциски план (ЛЕАП) за градот Скопје, кој предвидува мерки за да се решат проблемите со загадувањето, е ставен на градската интернет-страница www.skopje.gov.mk и сите граѓани може да го видат и да изнесат забелешки и мислења за него, така што ќе испратат електронска пошта на адресата infoekologija@skopje.gov.mk
Забелешките може да се испраќаат најдоцна до 22 јуни, за кога е закажана и јавната расправа за ЛЕАП, која ќе се одржи во просториите на градот, во бараките на улицата Илинденска, со почеток во 12 часот. На неа ќе има претставници од десетте скопски општини, јавните претпријатија и од невладини организации, а може да присуствува секој што е заинтересиран.
Преземено од Нова Македонија