Кога во 2007 владата во Абу Даби го најави планот за изградба на прв град во светот без јаглен диоксид , голем број на научници го отфрлија овој проект како нешто невозможно. Според дизајнот на компанијата „Фостер и партнери“ градот ќе биде како квадрат со страна од 1,5 километри. Под пешачките зони, ќе бидат поставени тунели за движење на електричните автомобили.
90% од потребната енергија ќе се добива од соларните панели, а остатокот ќе се добива од горењето на отпад. Градот ќе функционира како еден вид на постојан експеримент, при што инженерите и истражувачите редовно ќе го анализираат неговото функционирање.
Сoобраќајот е уреден така што сите улици се сместени под земја. Исто така градот е во потполност затворен за автомобили со мотори со внатрешно согорување-дозволени се само електрични автомобили. Покрај ова, сите комунални претпријатија, како што е фабриката за преработка на вода, се сместени надвор од градот.
Зградите во градот се направени во два контрастни стила. Лабораториите се сместени во големи бетонски згради, кои се обложени со панели од супер силна проѕирна пластика. Станбените згради се и ќе бидат изградени во традиционална архитектура.
Кој ќе живее во овој град (капацитетот е 90.000 жители) одлучува владата на Обединети Арапски Емирати.