Отпадното – термички искористено масло за јадење, најчесто се користи за добивање на алтернативнo горивo, поточно се преработува во биодизел. Од јануари 2012 година, во Србија ќе бидe забрането исфрлување на искористеното масло за јадење од угостителските објекти и истото ќе мора да бидe преземено од регистрирани оператори кои што ќе го откупуваат и преработуваат маслото.
Според податоците од Министерството за инфраструктура и енергетика, потрошувачката на маслото за јадење изнесува околу 16 литри по еден жител на Р. Србија. Овој податок нѝ зборува дека во Србија може да се соберат околу 10.000 тони на искористено масло за јадење , кое што може да биде преработено во биодизел. Инаку, да се потсетиме дека биодизел е еколошки прифатливо гориво, кое што се добива од билните масла и не го предизвикува глобалното затоплување. Може да се искористи во сите дизел мотори, како и во постројки кои што користат течни горива.
Според законот, секое претпријатие или институција кое што произведува повеќе од 20 оброци дневно, ќе биде обврзано за маслото кое што ќе остане како резултат од готвењето да направат договор со некое претпријатие кое што ќе го преземе искористеното масло и кое што ќе го преработат во биодизел. Во Србија постојат 23 претпријатија кои што собираат искористено масло.
Со Законот за управување со отпадот се предвидени и казни за сите претпријатија и претприемачи кои што не ги третираат отпадните масла за јадење според пропишаниот начин. Казните се движат од 2,400 – 10,000 евра за правни лица, и од 240 – 500 евра за одговорни лица.