Истражувачите од Универзитетот Мичиген направиле прототип на нов вид автомобилски мотор кој се ослободува од клиповите, осовините и вентилите, заменувајќи го стариот мотор со внатрешно согорување со генератор на ударни бранови во форма на диск, кој наводно може да ги намали издувните гасови за 90%.
Генераторот е голем колку чинија и не му се потребни систем за пренос, ладење или течности за подмачкување. Се состои од ротор со издлабени брановидни канали. Горивото и воздухот влегуваат преку централнит довод, а вртењето на роторот го блокира нивното излегување. Насобраниот притисок генерира ударен бран што ја компримира смесата. Тогаш таа се пали и додека роторот се врти се отвара излезниот вентил кој ги испушта гасовите.
Овој нов генератор ќе употребува околу 60% од горивото за движење, додека денешните автомобили користат само 15% за придвижување. Системот исто така може да ги направи автомобилите полесни за 20% и уште повеќе да ја намали потрошувачката на гориво.
Универзитетот Мичиген добил 2,5 милиони долари за дополнителен развој на оваа технологија и научниците се надеваат дека до крајот на годината ќе имаат поголема 25 киловатна верзија на моторот.
Преземено од: БРКАЈ РАБОТА