Google сака да им олесни на луѓето и да ги убеди да почнат да користат соларна енергија во своите домови. Пред речиси една недела ја лансираа алатката наречена “Project Sunroof”, која превзема податоци од Google мапите и ја пресметува потенцијалната соларна енергија на нивниот покрив. Ова е едноставен, но многу паметен и корисен систем кој користи сателитски слики со висока резолуција. Google ја мери големината на вашиот покрив за да пресмета колкава корист ќе имате доколку користите соларна елергија.
Тоа ќе обезбеди проценка за тоа колку светлина има на вашиот покрив на годишно ниво, земајќи ја во предвид сенката од дрвата и околните згради, како и времето и на која страна гледа вашиот покрив. Исто така ќе можете да ја внесете и висината на вашата сметка за електрична енергија за да добиете уште пореална слика за придобивките кои би ги имале доколку користите соларна енергија.
Овие информации се комбинираат за пресметување колку пари можете да заштедете и Google ќе ви испрати линк до локални соларни провајдери.
Ова е многу паметна идеа која може да примами многу луѓе кои претходно не биле заинтересирани за соларна енергија. Карл Елкин, главниот инжинер на проектот, вели дека го создал овој проект за да му се спротистави на луѓето кои слепо веруваат дека соларната енергија е многу скапа или дека нивните покриви немаат доволно сончева светлина. “Project Sunroof”ги намалува компликациите и ја олеснува проценката, со што ќе нема да ви биде потребно многу време, ниту пак ангажирање на експерт за да ја дознаете цената. Овој процес на проценка трае околу 10 секунди.
Оваа проценка моментално може да се направи само во Сан Франциско, Њујорк и Бостон, но ќе се прошири и на многу други региони во текот на следните месе\ци.
Извор:thenextweb.com