Ресорното министерство за енергетика го објави списокот, поточно ранг листата на инвеститорите кој што се заинтересирани за изградба на мали хидроцентрали во Србија. На секоја локација е направена листа од по три инвеститори, во случај доколку инвеститорот се откажи од инвестицијата, следниот на листата влегува да инвестира.
За 65 локации немаше интерес, за локации кој што не беа на листата беа поднесени девет пријави, додека 39 локации се избришани од списокот.
Конкурсот за доделување на енергетски дозволи за изградба на 317 мини хидроцентрали во 17 општини беше отворен на 19 февруари и траеше до 5 април. На конкурсот се пријавија 173 компании како од Србија така и од странство, вкупно 1.464 пријави.
Тројниот меморандум за разбирање ќе се потпиши со 91 инвеститор за 213 локации. Потпишувањето на меморандумот ќе биде во првата половина на јули месец – за секој локација посебно – од една страна Министерство за енергетика, локалната самоуправа а од друга страна потенцијалниот инвеститор.
Според очекувањата од ресорното министерство, првите мини хидроцентрали ќе бидат приклучени на мрежата во 2015 година.
Преглед на листата на потенцијалните инвеститори
Извор: Б92