Србија како држава која што се наоѓа во транзиционен процес, мора да ги исполни преземените обврски кој што се однесуваат до учеството на обновливите извори на енергија – поточно за зголемување на учеството на истите.
Еден од големите ресурси на Србија е биомасата. Во моментот уделот на биомасата во енергетскиот биланс на оваа држава изнесува околу 12% – пред се огревно дрво. Во вкупната потрошувачка на само нафтените деривати, учеството на биогоривата мора да изнесува 10%. Србија како што рековме поседува голем потенцијал кога станува збор за користење на биомасата. Според некои пресметки, 2% од вкупните 5,8% за колку што треба да се зголеми уделот на обновливите извори на енергија се однесува на биомасата.
Србија исто така има голем потенцијал во управување со комуналниот отпад. Дневно се создава околу 5,000 тони на отпад кој што според одредени проценки има вредност од околу 50 милиони евра (годишен ниво). Ова претставува голем потенцијал на локалните самоуправи кој што требаат да изградат капацитети за преработка на овој отпад. За споредба, ва строгиот центар на Виена, се наоѓаат пет постројки кој што со преработка на комуналниот отпад произведуваат електрична и топлинска енергија додека во Србија не постои ниту една таква постројка.
Бидејќи Србија, исто како и Македонија увезува големи количества на електрична енергија, нејзините енергетичари се надеваат дека со изградба на централи кој што ќе ги искористат обновливите извори на енергија, ќе се намали трговскиот дефицит кој што е голем и ќе се создадат нови работни места.
Извор:efikasnost.org