Според направените пресметки на Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија – ИРЕНА, обновливите извори на енергија на глобален ниво вработуваат околу 6,5 милиони работници.
Ова е уште еден показател на важноста на обновливите извори на енергија во создавањето на нови работни места, како и за вкупниот економски раст. Во 2012 година овој сектор вработуваше 5,7 милиони работници што претставува голем раст и важност на овој сектор. На графиконот можете да забележите раст на вработеност според видот на технологијата и според овој показател на првото место е сончевата енергија, а на второ место доаѓаат биогоривата, ветерните централи и биомаса.
Вработеноста во овој сектор во голема мерка зависеше од се поголемата конкурентност и во самиот напредок на технологијата. Што се однесува до државите, на прво место е Кина а потоа Бразил, С.А.Д., Индија, Германија, Шпанија и Бангладеш (кој би рекол нели? J ). ЕУ земена како една држава, има повеќе од еден милион вработени во овој сектор.
Најголемиот пораст на вработени е забележен во Кина, како ефект на големи годишни инвестиции во обновливи извори на енергија. ИРЕНЕ проценува дека Кина во период од 2011 до 2013 година го зголеми бројот на поставени сончеви панели за пет пати!
Кога станува збор за ветерни централи Кина и Канада даваат најголем импулс, додека во С.А.Д. овој вид на енергија е под знак на прашање поради нестабилните субвенции. Кај биогоривата, С.А.Д се и понатаму најголем производител на овие горива, додека Бразил има најголем број на вработени.
Целиот извештај можете да го прочитате на следниот линк
Извор: Обновљиви