Српското Министерство за енергетика и претседателите на 17 српски општини потпишаа договор за соработка на издавање на енергетски дозволи и согласности на инвеститорите кој што се јавија на конкурсот за изградба на мали хидроцентрали на 317 локации.
Министерката за енергетика Зорана Михајловиќ изјави дека Србија врз основ на јавните повици кој што ќе се објавуваат во наредните две до две и пол години, ќе добие неколку стотини мини хидроцентрали, со инсталирана моќност од околу 100 мегавати и кој што ќе произведуваат околу 400 гигават часови на електрична енергија на годишен ниво.
Министерката исто така изјави, дека со изградба на мали хидроцентрали Србија директно ќе добие околу 1.000 нови работни места, но и неколку десетина илјади работни места на индиректен начин со ангажирање на домашната градежна индустрија, како и на други стопански гранки.
Зорана Михајловиќ, изјави дека пред објавувањето на јавниот повик за изградба на мали хидроцентрали, во Србија се само зборуваше за малите хидроцентрали како и за повластени тарифи за електричната енергија добиена од обновливи извори на енергија, но ништо на тоа поле не се правеше.
„Да инвеститорите сакаат, кога нештата се прегледни и јасни, кога постојат јасни критериуми, покажува фактот дека за 317 локации имаме повеќе од 1.400 пријави. Ова е јасен сигнал дека инвеститорите чекаа за еден ваков момент.“ изјави министерката Михајловиќ.
До средина на јуни, треба да се направи листа на инвеститори кој што ќе добијат дозволи за градење на мали хидроцентрали, а од кога ќе се направи листата, ќе се потпишат и договорите со инвеститорите.
Како што изјави министерката Михајловиќ, најголем број на инвеститори се пријави во општината Тутин – 133 инвеститори за 57 локации.
Според министерката, со реализација на овие проекти ќе се намали и разликата помеѓу развиените и неразвиените општини, истакнувајќи дека во 17 општини кој што понудија локации за изградба на мали хидроцентрали, девет се неразвиени општини.
„Од проценети 500 милиони евра, кој што требаат да се инвестираат во изградба на 317 централи, околу 300 милиони евра ќе бидат инвестирани во неразвиени општини“, изјави министерката Михајловиќ.
Претседателот на општината Тутин, Шемсудин Кучевиќ, изјави дека повикот за изградба на мали хидроцентрали е успешен почетен чекор во развој на недоволно развиени подрачја.
„Ова е смел чекор, да на систематски начин ја средиме оваа област“, изјави Кучевиќ, додавајќи да општината Тутин е спремна да понуди локации за изградба на ветерен парк со инсталирана моќност од 80 мегавати како и за изградба на сончеви централи со инсталирана моќност од 15 мегавати.
Конкурсот за доделување на енергетски дозволи и согласности за изградба на 317 мини хидроцентрали во 17 српски општини е објавен на 19 февруари и траеше до 5 април. Министерството за енергетика, очекува дека првите хидроцентрали ќе бидат приклучени на мрежа во текот на 2015 и 2016 година.
Извор: Zelena Srbija