Во еден извештај објавен од консултантска фирма за чиста енергија се вели дека осмотската енергија има потенцијал за производство на електрична енергија далеку поголем од оној на популарните обновливи извори.
Осмотската енергија е облик на обновлива енергија која се добива со искористување на природните процеси кои настануваат при мешање на солена со слатка вода.
Моментално постојат неколку методи за користење на оваа енергија, од кои двете најпознати се обратна електродијализа и притисочна одложена осмоза. Кај обратната електролиза, солената и слатата вода се пуштаат да течат низ низа од електрични проводници, каде нивната хемиска разлика реагира со проводниците, произведувајќи струја. Кај одложената осмоза, слатката и солената вода се водат низ одвоени комори. Молекулите од солената вода ја влечат слатката вода низ мембрана, зголемувајќи го притисокот на страната на солената вода. Овој притисок се користи за придвижување на турбината.
Во извештајот на фирмата се наведува дека производството на струја преку осмоза е трипати поисплатливо отколку она од сончева и ветроенергија заедно. Според извештајот, од осмотската енергија може да се добијат од 1600TWh до 1700TWh електрична енергија годишно до 2030, а тоа еднакво на околу 50% од целата потреба за енергија на Европа. Се проценува дека осмотската енергија е една од малкуте потенцијални извори на енергија кои немаат значително негативно влијание на околината, затоа што искористува еден природен феномен, слично како геотермалната енергија. Разликата е во оа што осмотската енергија може да се произведе на повеќе локации низ светот или пак, таму кај што е најпотребна. Најголема предност е тоа што за разлика од сончевата или ветерната енергија, кои зависат од условите во околината(ден-ноќ, облачно, нема ветер…), осмотската енергија се произведува постојано, што ѝ дава способност да произведува струја 24 часа на ден.
Сепак, во извештајот се наведува дека технологијата која треба да ја оспособи употребата на оваа енергија е сѐ уште далеку од комерцијална употреба. „Некои производители велат дека сме на една или две години од комерцијална употреба, но јас мислам дека тоа е преамбициозно“ – изјави Dallas Kachan, менаџер во консултантската фирма. „Во нашиот извештај стои дека сѐ уште постојат како технички, така и регулаторни препреки“.
Некои од работите што го попречуваат развојот на осмотската енергија е техничките предизвици кај осмотските мембрани, цената на изведба и нецелосните студии за влијание врз околината. Овие се дополнети со повеќе комерцијални ризици, вадење дозволи и поддршка од владите.
И покрај тоа, Kachan ја нагласува неопходноста од развој на осмотската енергија: „Осмотскаата енергија ветува многу, почнува да се јавува нова индустрија. Ова е време да се научи за можностите за вложување во чиста енергија“.
Преземено од Eco Seed