Некои бактерии ја уништуваат нафтата. Може ли овие бактерии да ги натераат нафтените компании да ги променат методите за искористување на енергијата на нафтата и истовремено да го намалат количеството на јаглерод диоксид кој нафтата и бензинот го ослободуваат во атмосферата при согорување? Стив Лартер мисли дека може.
Лартер, професор по геологија на Универзиетот во Калгари, беше главен говорник на Голдшмит конференцијата на 17 јуни, чиј домаќин беа Универзитетот на Тенеси во Ноксвил и Оук Риџ Националната лабораторија.
Во неговата презентација, „Можат ли истражувањата за биоразградување на нафтата да помогнат со справување со загадувањето од фосилни горива?“, Лартер зборуваше за микробите во природата и нивната улога во разложување на нафтата и произведување природен гас.
Биоразградување на нафтата настанува на места каде што нафтата е блиску до површината на земјата, поточно извира од неа, или во случаи на излевање на нафта. Бактерии, квасци, мувла и одредени видови габи по природен пат ја разградуваат нафтата на овие места. Лартер објасни како овие микроби ги земаат нуспроизводите на распаѓањето, како јаглерод диоксидот, и ги претвораат во метан (природен гас) и водород, кои се многу помалку загадувачки горива.
Проф. Лартер ја разгледа и можноста за собирање на јаглерод диоксидот од воздухот и негово складирање во подземни алкални камени формации, заедно со микробите, каде тој би бил претворен во природен гас.
Голдшмит конференцијата е годишен состанок, спонзориран од повеќе геохемиски здруженија. Именувана е по Виктор Голдшмит (1888-1947), таткото на геохемијата.
Преземено од ScienceDaily