Во организација на НВО Go Green, од Скопје, во саботата се одржа работлница за креативна реупотреба. Работилницата се одржа во просториите на Музејот на Македонија. Се изработуваа предмети (нотес – тетратка, платнена торба и сл.), од стара хартија, текстил и електронски отпад кој беше собран на инфо пултот кој го имаше ГГ на Лан Фест. Учесници на работилницата беа членови на Биди зелен клубовите, но на големо изненадување имаше голем број на посетители кои се информирале за работилницата преку ФБ.
[slideshow id=7]