Изреволтиран поради високите сметки за електрична енергија кој што ги добиваше зградата на Општината Куршумлија во Србија, претседателот на истата општина издаде наредба на електричарот да ги исечи сите кабли на ТА печки.
Да не помислите дека се работи за необјаснето лудило на претседателот на општината да ја објасниме целата приказна од самиот почеток. Имено во 2013 година Општината Куршумлија инвестираше во поставување на систем за парно греење – од котел кој што користи јаглен, преку радијатори, цевки и слично. Системот беше проектиран така да ги задоволи сите потреби за греење на општинската зграда.
Но вработените во општинската зграда, покрај парното греење, кое како што рековме ги задоволуваше потребите, дополнително ги вклучуваа и ТА печки. Високите сметки за електрична енергија го замислија претседателот на општината – од каде толкави високи сметки за електрична енергија.
„Вработените во општинската зграда работеа беа облечени во маици со кратки ракави а надвор беше минус 10 степени. Во некои канцеларии вработените ги отвораа пенџерињата за да се разладат. Влегував од една во друга канцеларија и во секоја од нив беше вклучена ТА печка. Единствено во мојата канцеларија беше нормална температура“, изјави претседателот на Општината Куршумлија Радољуб Видиќ.
По направената проверка, претседателот издаде наредба – сите ТА печки да бидат исклучени. По издадената наредба, претседателот почека неколку дена, па пак направи инспекција, но вработените и понатаму ги користеа ТА печки.
Кога виде дека нема ефект о наредбата, претседателот го викна електричарот на кој што му издаде налог да ги исечи каблите на ТА печки. Сечата на кабелите почна во канцеларијата на општинската управа Драган Видиќ, кој што изјави дека од него и требаше да се почни.
„Не е чудно, требаше да се почни од мојата канцеларија, поради функцијата која што ја извршував. Навистина беше непотребно да ја користиме електричната енергија за греење, а имаме функционален систем за парно. И јас исто така шетав по маица со кратки ракави, но не бев единствен и заменикот на општината исто така шеташе со кратки ракави“, изјави начелникот на општинската управа Драган Видиќ.
Заменикот на претседателот на Општината Куршумлија Рајко Николиќ изјави дека температурата во општинската зграда поради паралелното функционирање на системот на парно греење и вклучените ТА печки беа енормно високи.
„Кога сите се шетаа по кратки ракави и свилени кошули, и ја морав малку да се раскомотам. Вработените ги отвораа пенџерињата за да ги разладат просториите. Луѓето доаѓаа да завршат работа а излегуваа испотени на улица“, изјави Николиќ.
Минатата година општината издвои околу 500.000 динари (околу 4.500 евра) за инсталирање на парно греење. Околу 20 ТА печки по направената „рација“ ќе бидат продадени на јавна лицитација.
Извор: Б92