Лед осветлувањето е енергетски ефикасна и економична опција која овозможува повеќе креативност и искористеност од традиционалните осетлувачи.
Со постојанот и неизбежниот пораст на трошоците за енергија, луѓето се принудени да избираат алтернативи. Со текот на годините, ние избравме енергетски ефикасни уреди, автомобили кои трошат помалку гориво, и додадовме топлинска изолација во нашите домови, за цел да се намали количината на енергија што се троши. Сега е време посериозно да се размисли за зголемување на ефикасноста при осветлување.
Осветлувањето претставува 15.5 % од целокупната сметка за електрична енергија, а тој процент е цело време во раст од 2001 година. Процентите кој претставуваат месечни расходи за тола вода, машина за перење, клима итн., се смалуваат, додека процентите кој претставуваат трошоци за осветлување се покачуваат. Се ова ќе се промени кога светлосните диоди (LED) ќе почнат да се применуваат како примарен осветлувач во нашите домови и канцеларии.
Осветлувањето со ЛЕД не е новитет. Првите експерименти со ЛЕД светилките се објавени пред повеќе од 100 години, поточно 1907 година. Меѓутоа, дури во 1960-тите резултираа со видлива светлина. По неколку години, видливи црвени ЛЕД чипови се ставени во практична примена во калкулаторите и рачните часовници. По црвените, следувале и други бои, а во 2002 година конечно белата светлина е реплицирана во ЛЕД чип.
Кога електроните во полупроводникот на ЛЕД-от ќе ја променат состојбата, диодата ја претвора електричната струја во видлива светлост. Фосфорот и различната енергија внатре во чипот ја контролираат бојата. Ефикасноста на електричната енергија која се претвора во светлост цело време се подобрува, далеку побрзо од било кој друг вид на светлост.
ЛЕД осветлувањето е одговор за ефикасното осветлување. ЛЕД осветлувањето е добро дури и за планетата Земја. ЛЕД светилките не содржат жива, за разлика од флуоресцентните ламби, и исто така ке ја смалат количината на блескавите светилки кои неможат да се рециклираат.
Осветлувањето на фрижидери/замрзнувачи одсекогаш била проблематично, бидејќи флуоресцентното осветлување не работи добро на ниски температури. Но за ЛЕД светилките во овај случај важи сосем спротивното , и тука тие доживуваат револуција.
Компактната големина на ЛЕД-от овозможува да се сместени во мал простор, па осветлените плакари и гардероби стануваат се повеќе популарни. Истото важи и за подното осветлување, и разноразен асортиман на осветлување кој се користи во мали простори, за кои претходно било невозможно да се осветлат заради големината на светилките.
Меѓу сите примени на ЛЕД, најдобрата сепак е за осветлување на паркови и отворени места. Со правилна поставеност на аглите се прави совршено осветлен двор и парк. Лесни се и можат да се постават високо на дрвата , под вода (базен) и други тешко достапни места.
Користењето на ЛЕД осетлувањето може да биде дел од решението, во нашата борба со намалување на потрошувачката за електрична енергија. Повеќето од ЛЕД светилките користи околу 75% помалку енергија од конвенционалните светилки со или хаогените светилки, а сепак обезбедува ист број на лумени.