Продолжуваме со написи поврзани со енергетски ефикасна градба.
Како се електричната енергија пресметува во однос на примарната енергија?
За да пресметаме колку во некој објект/зграда потрошивме примарна енергија, електричната енергија која што се потроши во таков објект треба да ја конвертираме во примарна енергија. Загубите кои што се јавуваат се земени во предвид со користење на факторот на конверзија. Овој фактор го користиме кога ги конвертираме kWh на електрична енергија во kWh на примарна енергија. Овој фактор има вредност помеѓу 2-3 и се разликува од држава до држава. Тоа значи да доколку на пример потрошивме 1 kWh на електрична енергија, за тоа ни беше потребно 2-3 kWh на примарна енергија во енергетскиот биланс. Поради ова, самото користење на електричната енергија за греење е лошо по енергетскиот биланс – за да добиеме 10 kWh на топлотна енергија во електрични грејни тела, трошиме помеѓу 20-30kWh на примарна енергија во енергетскиот биланс. Но доколку сакаме да добиеме 10 kWh на топлотна енергија со користење на котел кои што користи природен гас ќе потрошиме 11-12 kWh на примарна енергија (природен гас).
Што е обновлива енергија?
Обновлива енергија е енергија која што не може да се исцрпи, бидејќи самиот извор на енергија се сам природно обновува/надополнува. Најповеќе е искористена енергијата на реките – хидро енергија. Објектите најчесто ја користат геотермалната енергија, соларната енергија, енергијата на ветер и биомасата.
Обновливата енергија може многу ефикасно да се искористи за потребите за греење или ладење, за добивање на топла санитарна вода или пак за добивање на електрична енергија.
Кои се европските норми кои што ги дефинираат ниско енергетските објекти?
Како што зборувавме во минатите натписи секоја држава има посебни стандарди кои што ја уредуваат оваа област. Голем број на држави нема свои посебни норми, веќе ги има усвоено нормите кои што се дефинирани за други држави, како што е на пример Passivhaus стандард за ниско енергетски објекти. Еве неколку примери за различни норми/стандарди кои што важат во неколку различни држави:
Држава |
Франција |
Германија |
Италија |
Швајцарија |
Норма |
Effinergie |
Passivhaus |
CasaClima |
Minergie |
Потрошувачката што е земена во предвид |
Греење, топла вода, вентилација, осветлување, дополнително ладење/греење |
Греење, топла вода, вентилација, осветлување, дополнително ладење/греење, електрични апарати |
Греење |
Греење, топла вода |
Максимална потрошувачка на примарната енергија во kWhpe⁄m².year |
50 |
120 <15 само за греење |
50 |
42 |
Фактор на конверзија |
2,58 |
2,70 |
– |
2,00 |