Во денешното време голем број на општини и локални самоуправи не само во Македонија, мака мачат со прибирање на финансии, за нормално функционирање. Но постојат и светли примери – гратчето Плетерница во Хрватска. Буџетот на оваа локална самоуправа изнесува околу 5 милиони куни (околу 600.000 евра) а наскоро овој буџет ќе се дуплира, благодарејќи на обновливите извори на енергија. Имено оваа самоуправа ја изгради малата хидроцентрала на реката Орљача, прва мини хидроцентрала која што е во сопственост на локалната самоуправа.
„Годишните приходи од продажбата на електричната енергија ќе изнесуваат помеѓу 850.000 до еден милион куни. За јавното осветлување на градот и на околните населби плаќаме околу 700.000 куни на годишен ниво, така да ќе ни останат дополнителни средства кој што ќе ги искористиме за различни развојни проекти. За изградба на оваа мини хидроцентрала инвестиравме 5,8 милиони куни. Од Фондот за заштита на природната средина добивме 60% од вкупната сума, а дополнителни средства добивме од Министерството на регионалниот развој.“, изјави Антонија Јозиќ градоначалник на Плетерница.
Искуството кој што го добија во текот на изградба на оваа мини хидроцентрала ќе го искористат во изградба на уште една мини хидроцентрала на реката Орљава. Веќе конкурираа кај Фондот за заштита на природната средина и се надеваат дека ќе ја започнат изградбата во текот на оваа година.
Извор: Вечерњи лист