Најголемиот соларен брод на светот всушност изгледа како мал авион кој го составил дете користејќи се со лего коцки.
Бродот “Turanor PlanetSolar” во моментов е на пат околу светот со кој се има за цел да се постави светски рекорд и да се промовира користењето обновлива енергија.
Кога ќе заврши патувањето, овој брод ќе биде првиот кој го обиколил светот користејќи само соларна енергија.
Соларниот брод е тргнат на пат околу светот на 27 септември минатата година од Монако, а до сега поминал покрај Мајами, Канкун (Мексико) и на островите во Галапагос.
За изградба на овој брод се потрошени 12,5 милиони евра. Покриен е со преку 500 квадратни метри соларни панели кои напојуваат два електрични мотори, а со својот дизајн може да постигне брзина од 14 чворови.
Бродот е долг 31 метар и може да прими до 40 патници, а е дизајниран да се користи како луксузна јахта откако ќе гo постави зацртаниот светски рекорд, објавува “Daily Mail”.
Преземено од: ЗА ЗАБАВА