Српската министерка за енергетика Зорана Михајловиќ, изјави дека Фондот за енергетска ефикасност, ќе ја започне својата работа од први јануари 2014 година. Министерката додаде дека се очекуваше повеќе пари од буџетот – 900 милиони динари (околу 790,000 евра) но сепак Фондот ќе ја започне својата работа со помалку пари.
Во српскиот буџет се издвоени средства во вредност од 400 милиони динари, но во тек се преговори со други донатори, за да се зголеми буџетот на самиот Фонд. Српската министерка изјави дека комплетниот правилник за тоа кој може да аплицира за парите од Фондот за енергетска ефикасност, ќе биде објавен за седум до десет дена.
Претставниците на српското Министерство за енергетика, ќе ги започнат разговорите со деловните банки во врска со долгорочни и субвенционирани кредити за енергетска ефикасност. Овие кредити ќе овозможат намалување на сметките за електрична енергија.
Отворајќи го собирот – Бизнис енергетска ефикасност, српската министерка изјави дека Србија планира да ја зголеми енергетската ефикасност за 9% до 2020 година, како и да го зголеми учеството на производството на електричната енергија од обновливите извори на енергија до 27%.
Министерката изјави дека по една и пол година министерството ги идентифицира критичните точки кој што се огледаат во слабата комуникација помеѓу локалната самоуправа и државата во врска со реализација на проектите од областа на енергетска ефикасност. Посебно го истакна проблемот поврзан со слабата ефикасност на топланите во Србија. Имено, ефикасноста на 57 топлани во Србија се движи помеѓу 20-42%, а треба да се зголеми на 85-90%.
Енергетската ефикасност не е само прашање на енергетската политика, туку на целата економија и оние држави кој што разбраа што значи зголемување на енергетската ефикасност, станаа поконкурентни. Министерството го подржува приватното-јавно партнерство и локалната самоуправи треба поинтензивно да го користи ваков вид на инвестирање, бидејќи државата не може повеќе да дава гаранции за кредити.
Извор: B92.net
Извор на сликата: Српското министерство за енергетика