Белградското електротехничко училиште „Раде Кончар“ е ретка образовна институција која што може да се пофали со сончева централа. Оваа централа до сега произведе 15.500 киловат часови на електрична енергија, која што се продава на ЕПС (Српското електро стопанство).
Парите добиени од продажбата се инвестира во набавка на нова наставна опрема – до сега се купена 3 лаптопа и еден проектор. Исто така парите се потрошени за проектот „паметна училница“ – поставени се штедливи светилки кој што штедат и до 40% на електрична енергија.
Сончевата централа, е поставена на покривот на училиштето. Панелите се донација од страна на шпанската влада, а од продажбата на електричната енергија месечно заработуваме околу 17.000 динари (cca 150 евра или 9.200 денари). Инсталирана моќност на сончевата централа изнесува 5 kW.
ЕПС ја откупува произведената електрична енергија по цена од 23 евро центи (14,145 денари) по произведен киловат час.
Покрај поставената централа, училиштето активно работи на едукацијата во врска на искористувањето на обновливите извори на енергија. Воведен е наставен предмет „Обновливи извори на енергија“. До сега се организирани 11 акредитирани семинари, низ кој што поминаа повеќе од 1.250 наставници, а оваа година 10 матуранти успешно ги одбрани своите матурски трудови од предметот „Обновливи извори на енергија“.
Извор: Б92
Извор на сликата: