Првиот патнички „зелен воз“ во Европа што користи соларна енергија денеска за првпат пројде по патот од Антверпен сè до белгиската граница со Холандија. Станува збор за меѓународен воз со голема брзина што го поврзува Париз и Амстердам, а во еден дел од маршрутата користи исклучиво енергија од соларните плочи што се инсталирани во тунелите над пругата.
Раководителите на проектот изјавиле дека тунелот во северна Белгија долг 3,6 километри и оти на него се потрошени средства од 15,6 милиони евра, а ќе го покриваат 16 илјади соларни плочи на 50 илјади квадратни метри. Се работи за големина од околу осум фудбалски стадиони, пренесува АФП.
Електричната струја ќе ја напојува инфраструктурата на пругата, осветлувањето, сигналите и внатрешноста на возот, а дел од енергијата ќе се пренесува и во градот близу до тунелот. Инаку, плочите ќе произведуваат 3.300 мегавати/часови годишно, што одговара на просечната потрошувачката на 950 семејства. Во текот на наредните две децении само овој проект ќе заштеди 47,3 милиони килограми емисии на јаглероден диоксид.
Преземено од: МНОГОО