Кога луѓето зборуваат за земји со брзорастечки економии кои генерираат огромни емисии на јаглерод диоксид во атмосферата, најчесто прво помислуваат на Кина. Сепак, Кина моментално е земјата со најголеми емисии на CO2 во светот.
Но, со повеќе од милијарда жители, Индија е моментално на третото место, со голем потенцијал да ги надмине САД во „борбата“ за второто место. Индија не гради термоцентрали на јаглен со исто темпо како и Кина; всушност, голем дел од нејзините емисии доаѓаат домаќинства кои се греат на дрва. Сепак, како што земјата продолжува да се развива и индустријализира, неопходно е полека да ги напушта фосилните горива и да се сврти кон обновливи извори на енергија.
Затоа е добра вест што падот на цената на соларната енергија кој се случува насекаде во светот ја зафаќа и Индија. Всушност, соларната енергија во Индија сега е поевтина и од дизелот.
Додуша, само дел од соларната енергија, или поточно, енергијата произведена од француската компанија Solairedirect. Тие својата енергија ја нудат на националната електроенергетска мрежа на Индија за 14 центи (американски) по киловат час, за разлика од просечната цена од 25 центи на енергијата произведена од дизел.
Најдобрата работа поврзана со сончевата енергија во овој момент е што нејзиниот голем развој истовремено води и до голем пад на цената на чинење. Иако има некои сомневања дека Solairedirect можат да работат профитабилно со овие цени, тие не се единствените – уште 4 други компании нудат електрична енергија ос соларни централи по цена пониска од онаа на дизел.
Индија планира соларната енергија да стане најевтината форма на енергија во земјата во наредните две години. Тоа е дел од програмата на владата според која во наредните 10 години треба да се обезбедат средства за финансирање на соларни постројки од вкупно 20000 MW. Тоа би значело дека во наредните две години Инија би заштедила околу 2.32 милијарди долари кои инаку би оделе за купување на фосилно гориво.
И покрај овие мерки, Индија сепак не се согласува со потпишување на договори за присилно ограничување на емисијата на штетни гасови, што и го покажа деновиве на конференцијата за климатски промени одржана во Дурбан, Јужна Африка, под покровителство на Обединетите Нации.