Претседателот на С.А.Д. Барак Обама, најави план за инвестирање на седум милијарди долара, со кој што ќе се обезбеди електрична енергија за подсахарската Африка.
Иницијативата наречена „Power Africa“, која што е претставена од страна на Барак Обаме, има за цел да овозможи подобар пристап кон електричната енергија во субсахарскиот дел на Африка, каде што две третини на жителите немаат пристап кон електричната енергија.
Планот ќе ги искористи енергетските потенцијали на Африка, вклучувајќи ги и ново откриени резерви на нафта и природен гас, како и големите потенцијали на обновливите извори на енергија.
Државите кој што се опфатени со планот се Етиопија, Гана, Кенија, Либерија, Нигерија и Танзанија.