Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест’’ ја има честа да Ве покани на тркалезна маса на тема „Здравствените влијанија од согорувањето на јаглен во Македонија“. На тркалезната маса ќе биде презентирана студија во врска со здравествените влијанија од согорувањето на јаглен во Македонија на која во изминатиов период работеа неколку организации: Еко-свест, Истражувачкиот центар Реактор и Фронт 21/42 во соработка со Алијансата за здравје и животна средина од Брисел, Универзитетот во Штутгарт и д-р Мајк Холанд како технички експерт.
Оваа студија претставува осврт на негативните ефекти од согорувањето на јагленот врз здравјето на луѓето кои живеат во близина на термоелектраните за јаглен во Македонија. Освен негативните ефекти, еден од главните елементи на студијата е пресметувањето на економската вредност на директното влијание на двете термоелектрани во Македонија врз здравјето на граѓаните.
Целта на оваа тркалезна маса е да ги споделиме и дискутираме со Вас наодите од студијата како и да донесеме заеднички заклучоци кои по тркалезната маса ќе бидат имплементирани во самата студија. Тркалезната маса ќе се одржи на 29.09.2014 година, понеделник во Клубот на новинари во Скопје со почеток во 10 часот