Доста е пишувано на порталот за хибридните возила, како и за возилата на електричен погон, за кои се смета дека еден ден целосно ќе ги заменат возилата со бензински и дизел мотори. Денес ќе биде презентиран еден сосема различен концепт од она за што е пишувано порано. Имено, се работи за возила кои се придвижувани од мотор кој работи на компресиран воздух.
MDI (Moteur Developpment International ) e компанија која се занимава со развој на возила кои се придвижувани со помош на компримиран воздух сместен во резервоар во возилото. Во 2007 оваа француска компанија која е со седиште во Луксембург потпиша меморандум за соработка за развој на овој вид на возила со индиската компанија Тата моторс.
MDI (Moteur Developpment International ), како едни од пионерите во оваа област, се одговорни за првото „воздушно“ возило кое користи компресиран воздух за да ги движи клиповите на моторот. Ова возило може да постигне брзина од 110 километри на час и да помине пат од 200 километри со едно полнење на резервоарот. Откако ќе се испразни резервоарот се надополнува за неколку минути со обичен компресор на воздух за цена од приближно 2 долари. Првите модели се планира да се појават на пазарот на лето оваа година. Mini Cat Compressed Air Car ќе се продава за околу $8.000 долари.