Хрватската влада, ва вчерашната седница го усвои предлогот во врска со Меморандумот за согласност помеѓу Министерството за претприемништво на Република Хрватска, Хрватската агенција за мало претприемништво и инвестиции на Република Хрватска и Европската банка за обнова и развој за пренос на знаењето и најдобрите практики на ЕБРД во Хрватска.
Европската банка за обнова и развој (EBRD) во период од 2010 – 2012 година по пат на БАС програмата кофинансираше 100 проекти поврзани со енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и со заштитата на човековата околија во Република Хрватска. Овој еко тренд ќе се продолжи и во 2013 година во соработка со ХАМАГ ИНВЕСТ и со надлежното министерство, а се со цел на зајакнување на конкурентноста на малото стопанство.
За реализација на активностите кој што се дефинирани со Меморандумот, обезбедени се 1.200.000 куни (≈160.000 евра) од државниот буџет, како и дополнителни 200.000 евра од EBRD.
Советодавни услуги кој што ќе бидат кофинансирани од страна на ХАМАГ ИНВЕСТ се: енергетска ефикасност (енергетски прегледи, инженерски студии, системи на управување ISO 500001 и слични)., обновливи извори на енергија (биомаса, биогас, сончево зрачење, ветер, вода) и заштита на човековата околија (студии за заштита на човековата околија, системи на управување како што се EMAS, IPPC и друго).
Се очекува кофинансирање на околу 25 проекти кој што ќе добија бесповратни средства, изработка на студија која што ќе го опфати хрватскиот пазар на консултантски услуги со препораки за понатамошен развој, одржување на три едукативни програми наменети за локалните даватели на советодавни услуги од областа на енергетска ефикасност и обновливите извори на енергија.
Извор: croenergo.eu