Веќе неколку години наназад, на 23 март се одржува акција „Час за планета земја“. Иако голем број на стручњаци имаат негативно мислење за оваа акција, пред се поради негативното влијание на електро енергетскиот систем, оваа акција стана озбилен вид на подигање на свеста за негативните последици на човековото дејствување на човековата околина.
Пред крај на минатата недела, глобалната кампања на WWF, под име „Час за планета Земја“ го претстави својот официјален видео за 2013 година. Видеото ја покажува атмосферата од минатите прослави во различните делови на планетата. Видеото почнува и се завршува со ефектниот поглед на нашата планета од Меѓународната вселенската станица, а музиката која што се појавува во видеото е направена од страна на светскиот познат DJ Дејвид Гуета и Ашер, кој што исто така ја подржуваат оваа акција.
Минатата година, акцијата е реализирана во повеќе од 70.000 градови во 152 држави. Во Македонија акцијата е одржана во Скопје и во Битола, а се надевам дека акцијата ќе се одржи и во други македонски градови.
И за крај да не заборавиме, „Часот за планетата Земја“ ќе се одржи денес од 20:30 до 21:30 часа