Иако самата помисла на безжичен пренос на електрична енергија наведува повеќе на фикција вистината е дека тоа е нешто кое е докажано преку низа експерименти во контролирани лабораториски услови. Никола Тесла е првиот кој ја заговараше таа идеја и кој сметаше дека е возможно електричните централи да зрачат енергија директно во домовите и стопанството. За таа цел тој дури и конструира дваесет катна кула на Лонг Ајленд чија цел беше да ги демонстрира неговите идеи во пракса. За жал таа никогаш не стана оперативна а тој умре пред да има можност да ги тестира неговите идеи. Во последните години, неколку компании и истражувачки тимови успешно демонстираа безжичен пренос на електрична енергија со помош на своите протитипи кои тие ги развија. Сепак она што е заедничко за сите прототипи е тоа што ја пренесуваат електричната енергија на мали растојанија.
Тим од познатиот институт за технологија од Масачусетс (MIT) успеа со помош на својот прототип безжично да пренесе енергија во една соба. Со помош на две идентични бакарни намотки кои резонираат на иста фреквенција научниците успеале да напојуваат шеесет ватна светилка на оддачеченост нешто поголем од 2 метра. WiTricity – wireless electricity (безжична електрична енергија) е името кое му го доделиле на оваа иновација. Сличен прототпи разви и компанијата Powercast од Пенсилванија. Нивниот прототип беше исто така во можност да пренеси неколку волти на кратко растојание.
Иако долг е патот до вистинска комерцијализација на технологијата дел од луѓето се загрижени од влијанието на тоа зрачење врз човечкот здравје. Сепак според научниците од МИТ биолошките организми не се толку изложени на магнетното поле и не би требало да се предизвикува штетни влијанија како што е рак. Сепак сето тоа треба дополнително да се испита и практично докажи иако теоријата вели дека нема никаква опасност.