Едно истражување кое е изведено од агенцијата Opower докажува дека корисниците на Yahoo во просек трошат повеќе енергија од корисниците на Gmail сервисот. Според анкетата која е извршена врз околу 2.8 милиони Американски домаќинства корисницте на Yahoo сервисот трошат речиси 11% повеќе енергија во однос на нивниот најголем конкурент Gmail. Во долари тоа би дошло некаде околу $110 долари повеќе на годишно ниво или ако тоа би се претворило во киловати тоа би дошло околу 939 KW повеќе секоја година. Или ако се споредат 1 милион корисници на Yahoo со 1 милион корисници на Gmail разликата во потрошувачка на енергија во текот на една година е еквивалент на потребите на енергија на островската држава Барбадос.
Зошто е тоа така има неколку причини. Прво мора да се знае дека типичниот корисник на Yahoo сервисот живее во предградието, има околу 38 години и живее во куќа која е типична за предградијата заедно со своето семејство. Од друга страна типичниот корисник на Gmail живее во градот, има 34 години и е сингл. Тоа што корисниците на Gmail сервисот живеат сами, во помали куќи и во градот каде темпото на живот е подинамично значи дека корисницте поминуваат доста малку време подома и како последица на тоа трошат помалку електрична енергија. Спротивно на нив корисниците на нивниот кокурентски сервис во голем процент се семејни луѓе кои поминуваат повеќе време подома со нивните семејства кои имаат поголеми потреби за електрична енергија.
Во секој случај ова истражување докажува дека се работи само за демографски групи и нивните однесувања и во ниеден случај нема врска со тоа колку од двата сервиси се “зелени” или се грижат за околината. Во меѓувреме двете компании секоја на свој начин се труди на свој начин да го минимизира својот “Carbon Footprint”. За тоа која компанија е навистина позелена веројатно треба подетално истражување кое би било повеќе фокусирано на технологиите кои ги имплементираат и користат како и на навиките на нивните вработени.