Компанијата за изнајмување возила Hertz Corporation ќе учествува во обемниот експеримент за безжично полнење на електрични автомобили, во соработка со компанијата Evatran, со што ќе биде првата рент-а-кар компанија која би ја користела оваа нова технологија.
Hertz е најголемата компанија за изнајмување на патнички возила во светот. Според компанијата, тестирањата ќе се извршуваат така што Hertz ќе го користат системот за безжична енергија на Evitran на нивните електрични возила кои се дел од глобалната програма за електрични возила на Hertz. Системот за полнење со безжична енергија ги полни батериите на електричните коли без употреба на кабел или приклучок, преку методот познат како индуктивен пренос на енергија .
Учесниците во истражувањето треба да обезбедат повратни информации за дневните рутини, нивото на користење на автомобилите, полнењето и други дополнителни информации. Како дел од нивната глобална програма за електрични возила, Hertz нудат електрични автомобили на корисниците од три континенти, во градовите Њујорк, Вашингтон, Сан Франциско, Лондон и Шангај. Но од компанијата најавуваат планови за проширување на глобалната програма во наредните месеци, со тоа што ќе овозможат и на возачите во други држави да можат да изнајмат електрични возила.
За цел остварување на овие планови, Hertz планираат да формираат партнерство со производителите на електрични коли, снабдувачите со станици за полнење, локалните власти, како и невладиниот сектор.
И после некој ќе рече изумите на Никола Тесла биле СФ J