Дали регулаторна полуде?!? Reviewed by Momizat on . Иако многу работи што се случуваат одоколу во Република Македонија понекогаш немаат смисла, понекогаш се нечија ненамерна грешка, понекогаш бесмислена глупост. Иако многу работи што се случуваат одоколу во Република Македонија понекогаш немаат смисла, понекогаш се нечија ненамерна грешка, понекогаш бесмислена глупост. Rating:
Вие сте тука: Дома » Вести » Дали регулаторна полуде?!?

Дали регулаторна полуде?!?

Дали регулаторна полуде?!?

Иако многу работи што се случуваат одоколу во Република Македонија понекогаш немаат смисла, понекогаш се нечија ненамерна грешка, понекогаш бесмислена глупост.

Меѓутоа менувањето на цената на струјата кое го наплаќа ЕВН од една страна и од друга страна поголема цена на струјата која се плаќа кон ЕЛЕМ и МЕПСО е навистина лудост. Знам дека секому ќе му годи намалувањето на цената на струјата, но проблемот не е тоа, туку свесното уништивање на позицијата на ЕВН во енергетскиот сектор. Имено, иако на сите граѓани и помали компании фактурата им ја испорачува ЕВН, тоа не значи дека ЕВН ги зема сите пари!
За да бидам подобро разбран ќе се потрудам преку пример на обичен производ.

Пример ќе го земам 1 литро млеко.

Да претпоставиме дека литрото млеко чини 100 денари. Цената е составена од производствената цена (фабриката која го произведува), цена за дистрибуција (компанијата која го носи од фабрика до маркети), и цена за маркетот каде се продава литрото масло.

Од цената на производот 44 денари оди на маркетот, 6 денари за дистрибутерот и 50 денари за производителот.

Во самата цена е вкалкулиран и ризикот за расипување на млекото и враќање на производот во фабрика, бидејќи фабриката произведува претпоставено количество за кое постои можност дека нема во целост да се потроши, така да доколку се врати некој производ сите соодветно компензираат.

При претходно договорени услови, секој од трите страни ги покрива согласно трошоците и претпоставениот профит и овој договор им одговара на сите.

Е сега замислете доаѓа Баба Вањга, ги собира сите три страни и вели: „Слушајте, од утре млекото 95 денари ќе биде, од нив 55 за производство, 10 за дистрибуцијата а 30 за маркетот“. Се разбира оваа ситуација најмногу им одговара на купувачите на производот, но и на производството и дистрибуцијата, бидеќи добиваат многу повеќе за истото што го испорачуваат. Најголемиот губитник е маркетот, кој мора или да го продава производот со загуба, или да ги намали трошоците што директно би се одразило на вработените во маркетот, квалитетот на услугата и многу други аспекти. Едно од решенијата е и не продавање на тој производ во маркетот.

Е сега да ја направиме аналогијата. Во случај на струјата, ризикот од расипување се вика ангажирана моќност, фабриката која ја произведува е ЕЛЕМ, дистрибутерот е МЕПСО, а ЕВН Македонија е маркетот каде што се продава. По некоја „случајност“ Баба Ванѓа (Регулаторна Комисија за Енергетика) е баба на сопственикот на фабриката за производство и дистрибутерот, па има лична корист од целата „одлука“ на промена на условите. ЕВН е изигран бидејќи се прекршени условите на договорот, и постои можност од намалување на квалитетот на дистрибуцијата и намалување на трошоците. ЕВН неможе да се откаже од овој производ, бидејќи е единствен производ, а неможе да најде соодветна замена (бидејќи е приморан да купува електрична енергија првенствено од ЕЛЕМ).

На крајот ќе страда енергетскиот сектор во Македонија, а подоцна индиректно и сите граѓани на Р. Македонија. Краткорочно ние ќе добиеме поефтина струја, но долгорочно, како што би рекле нашите соседи од север, „распад система“.  Ќе видиме како ќе се одвиваат сите активности околу овој случај, но мене се ми мириса на избори :), а по нив… ќе видиме.

Навистина неможам да коментирам за одлуките на другите комисии и органи на државата, кои многу пати се бесмислена, но по последните одлуки за “одобрување на регулиран максимален приход за 2013 година и регулирана просечна тарифа за 2013 година за вршење на регулираната енергетска дејност организирање и управување со пазарот на електрична енергија“ на Регулаторна Комисија за Енергетика е чиста лудост.

За Авторот

Not-an-expert, a problemsolver

Магистрант на оджлив развој, дипломиран електро инженер со искуство во енергетската ефикасност и одржливиот развој! Интернет корисник и зависник од социјални медиуми :)

Број на натписи : 46

Коментари (17)

  • Пецо Луканоски

    За да се има поверодостојна претстава за оправданоста на таквата распределба од страна на Регулаторната Комисија за Енергетика, би требело да се има споредбени сознанија за “делењето на колачот” кај други држави од соседството и ЕУ, како и други специфичности на пазарот на електричната енергија. Без ваквата подршка објавата може да биде третирана како тенденциозна бидејќи немаме сознанија за односите при либерализација на пазарот на овој план кој само времено е одложен (но во секој случај е неминовен) и можеби ваквата одлука е само приспособување за избегнување на поголеми потреси при либерализацијата која претстои.

    Одговори
  • Александар

    Промената на маржата не е страшна се додека е оправдана.
    Она што фали во текстот е колку биле претходните маржи.

    Значи малку е лошо да се каже на некому е скратена маржата без да се наведе колку се трошоците на тој сегмент од продажбата на производот.

    Во ситуација на регулиран пазар ЕВН нема што да се буни зашто уште на почеток ги знаеше условите на пазарот. Ако не му одговара има две опции:
    - да бара либерализација на пазарот
    - да го продаде ЕВН

    Дека пак е оправдано граѓанинот да биде најтенкиот дел од синџирот исто така не е ОК, впрочем владата ја бираат граѓаните не ЕВН.

    Одговори
    • Игор Мишевски

      Тотално се согласувам со тебе Александар во поглед дека промената на маржата не е страшна се додека е оправдана. Оправдувањето РКЕ го гледа во извештаите на ЕЛЕМ дека имаат поголеми трошоци (што поради преврабротеност, што поради надуени трошоци за транспорт на јаглен во РЕК Битола за кој постои транспортер), додека претпоставуваат дека ЕВН има помали трошоци.
      Проблемот е што ова не е пазар (не можеме да зборуваме за услови на пазар туку за директна регулација од страна на државата), која поради политички или лични причини може да одмани бидејќи се гледа да се задоволи народот, но и гладните апетити на . Ако ЕВН се буни или не тоа не е толку битно, но е голем показател за идните инвеститори во Македонија. Да бидеме на чисто, ЕВН е дојден за профит тука и тоа е тоа што ги интересира, така да не ми е многу за нив. Владата може да прави какви и да сака роудшоуа, но ако вака постапува, посебно во строго регулирани пазари, ништо од репутацијата на Македонија за топ дестинација за инвестиции.
      На крај сето ова ќе го покрие обичниот граѓанин, кој можеби во ова ќе препознае, а можеби не, ефтин трик за пред избори, бидејќи наназад цената на струјата речиси се дуплираше за да се намали за само 5% со последната одлука.
      Сепак времето ќе го покаже своето. Поздрав

      Одговори
  • ruzo

    Pa kako inace ke gi vrabotuvaat site onie mladi 20 godisni devojcinja vo ELEM i MEPSO i kako ke gi plakaat po 30 iljadarki!!!

    Одговори
  • libra

    Почитуван автор,
    Вашиот текст е конфузен. Вие не пласирате факти, туку фрази. Во пасусот во кој ја правите аналогијата Вие го уфрлувате поимот ангажирана моќност без никакво образложение и без при тоа да го објасните на читателот Вашето тврдење. Анализата не е суптилна ни приближно. Дека пазарот е строго регулиран пазар е точно, но тоа значи дека на производителот не му се признаваат зголемени цени и кога цената на струјата на светскиот пазар полудува но и обратно. Терминот ангажирана моќност заслужува подетална анализа и тој е дефинитивно спорен елемент во цената на струјата. За жал кај нас нема стручна дискусија туку претежно политичка, дури и за класично стручни теми. Поздрав

    Одговори
    • Игор Мишевски

      Почитуван libra,
      Благодарам на коментарот. Жалам што за вас текстот е конфузен, но моја цел беше едноставно да направам споредба со нешто по блиско до обичниот човек.
      Се согласувам дека терминот ангажирана моќност заслужува подетална анализа и дека спорен елемент во цената на струјата, и треба да се отвори дискусија околу оваа тема. Се сложувам и дека кај нас нема стручна дискусија туку претежно политичка дискусија и сите обиди некој да го направи тоа (верувајте овој текст е провокативен поради таа цел) се окаректизираат како наклонување на една од страните. Поздрав

      Одговори
  • Axman

    Анализата е на место но во секој случај не се потребни могу студии и истражувања за да се објасни зошто се случи ова а тоа е од една проста причина – трошоците на ЕЛЕМ за покривање на задолжувањето за најчесто економски неоправдани инвестиции и вработувањето на нови кадри како и непотребното луксузирање на ЕЛЕМ.

    Одговори
  • Методија Анѓелкоски

    Математиката (со тоа и аналогијата) не е комплетна. Имено, точно е дека ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН можат да ги заземат позициите: Произодител, диструбери и маркет, но недостига фактот дека покрај од ЕЛЕМ Македнија своите потреби за струја ги покрива и од увоз (преку МЕПСО). Тоа прави директна импликација на цената. Ако зборуваме аналогно, во средината на шемата, кај диструбутерот, има два „извора“ на млеко – задолжителното од производителот и дополнителното од увоз. Значи цената (од аспект на МЕПСО) се формира зависно од соодносот на цените на ЕЛЕМ и Увозната цена на струјата. Ако претпоставиме дека нема промени во производството на ЕЛЕМ (и нема) во МЕПСО се „влева“ поевтина струја (увозната). – со тоа ЕВН купува поевтина струја – а регулатрорната комисија го контролира тоа согласно со договор во кој ЕВН има обврска својот монопол на диструбуција да го ограничува според потпишани правила на игра.

    Одговори
    • Игор Мишевски

      Почитуван Методија,
      Благодарам на коментарот. Точно е дека ЕВН ја купува целатата струја првин од ЕЛЕМ, а потоа прави увоз од странство преку МЕПСО. На крај цената ја плаќа ЕВН. Е сега тука се почнува со две претпоставки цитирам „нема промени во производството на ЕЛЕМ (и нема) во МЕПСО се „влева“ поевтина струја“ кои не секогаш се точни.
      Да ги отвориме картите до крај, во минатите периоди во РЕК се случуваа „испади“ и во некои периоди работеше само еден блок, што претставува 1/3 од капацитетот на производство (или одприлика затајуваше 40% од вкупното производство во Македонија) . Во тие моменти се вршеше интервентен увоз кој го плаќаше ЕВН, на сметка на промените и нестабилниот систем на ЕЛЕМ, и наместо поевтина се плаќаше многу поскапа струја.
      Е сега моите претоставки (не тврдења): Претпоставувам дека ги знаеме кои фирми продаваат струја во Македонија, претпоставувам некој може да иницира испад на системот и претпоставувам некој може дебело да профитира на целата таа ситуација.
      Можеби МЕПСО е колетарна штета во целиот муабет, меѓутоа и понатаму стојам на ставот дека ЕВН во случајот на текстот е оштетена бидејќи ќе има импликации и врз рејтингот на односот на нашата земја кон странсите инвеститори. А после оваа ситуација, ако се случи уште некој „испад“ мислам дека ЕВН ќе реагира дополнително на повисоко ниво. Дали математиката е комплетна и не е толку битно, но суштината останува иста, дали Регулаторна за едни е мајка, а за други маќеа!
      Поздрав

      Одговори
  • Кико

    А зашто авторот не проанализирал што СЕ се прикажува како инвестиција од страна на ЕВН пред регулаторна при пеглање на цената на струјата што директно влијае на цената. Господа, како инвестиција од страна на ЕВН пред регулаторна се прикажува буквално се што корисниците ке инвестираат во мрежата што дебело им се наплака од ЕВН кое пак потоа ЕВН пред регулаторна го прикажува како свој трошок.

    Одговори
    • Игор Мишевски

      Здраво Кико,
      Благодарам на коментарот. Искрено кажано почнавме слични анализи, на се што се должи цената на струјата и што се се’ прикажува како трошок. За ова треба навистина да се отвори поширока дебата и бара многу работа. Навистина немаме стигнато до ЕВН, меѓутоа не го спорам твоето мислење. Она што увидовме се многу работи, но ќе ти дадам некој пример: ЕЛЕМ во рамките на РЕК Битола има изградено транспортер до местото на вадење на јаглен од Брод-Гнеотино, но и ден денеска јагленот се носи со камиони што е многу голем трошок, претпоставувам со цел да се платат локалните моќници. Што се ЕЛЕМ прикажува како залиха (која се зема во извештајот), можеш само да претпоставиш. При последната студија која ја работев таму, имаат средства кои се стари и преку 30 години, кои биле набавувани како резервни делови, а се водат како залиха, затоа што влегува во крајниот извештај. Кога би се отпишале овие „залихи“ значајно би се променила „крвната слика“ на ЕЛЕМ, посебно подржницата РЕК и би се увиделе многу работи а ова би влијаело врз цената на струјата. Не сакам да говорам за превработеноста, преплатеноста, ангажирањето на агенции за привремени работење, но дефинитивно она што се прикажува како трошок и инвестиции во нашите енергетски фирми е далеку од тоа што би требало да биде.
      Ако јас би бил одговорен на Регулаторна би побарал, независни ревизорски извештаи и би проверил со детали (оваа веќе се прави, но се прегледува низ прсти).
      Ако јас сум дел од владата или одговорен за развој на ЕЛЕМ во детали би направил ревизија земајќи ги во обзир и прекумерните вработувања и преголемите плати на вработените. Доколку дојде некој инвеститор во ЕЛЕМ (сум против ваков потег) тој ќе гледа да ги намали трошоците и да ги зголеми приходите (можеби продавајќи ја струјата во странство. Меѓутоа и владата како совесен сопственик на ЕЛЕМ треба домаќински да управува со ова стопанство, а не како во повеќето случаи да остави се ова да падне на грбот на обичниот граѓанин преку повисока сметка за струја.
      Она што навистина го знам дека дефинитивно пазарот на струја треба да се либерализира, меѓутоа да се либерализира и производството (секој дома да може да постави мини централа – несубвенционирана и да продава каде и кога сака).

      Одговори
  • aleks

    Никој не е оштетен освен купувачите. Промената на цената на електричната енергија важи од 01.07. но ЕВН не ги читаше состојбите на тој ден и до ден денешен не го направи тоа. Адекватно на Вашата аналогија, сега маркетот ќе украде на касата и ќе си компензира дел од изгубената маржа.

    Одговори
    • Игор Мишевски

      Новите мерачи се доста паметни, и точно знаат до кој момент колку имате потрошено, па при читањето прават точен пресек. Така да во овој случај нема штета по куоувачите, од оваа тие само ќе имаат корист (помала цен ана струја). Долгорочно проблем е самиот систем, па последиците допрва ќе ги видиме. Поздрав

      Одговори
  • Јован Јаноски

    Колега Мишевски,

    Текстот кој што го објавивте погоре може да се земе само како ваше видување. Имате очигледно направено подлабока анализа на состојбите во енергетскиот сектор но само во рамките на ЕЛЕМ / МЕПСО. За да може погорниот текст да држи вода би требало да направите слична анализа и во рамки на ЕВН (за која посочувате дека не сте стигнале да ја анализирате). Не дека ја бранам РКЕ или некоја друга од вклучените страни, но како ел. инг и аналитичар би требало да знаете дека кога излегувате на јавен сервис (а интернетот је таков) би требало да ги поставите сите факти. Можеби ЕЛЕМ ги надувува трошоците, мошеби МЕПСО имал неочекуван пристап до ефтина струја, но можеби и ЕВН ги надувува своите трошоци. Големо прашање е дали ЕВН го следи трендот на зголемување на бројот на жители и потрошувачката на енергија со засилување и проширување на својата мрежа или ја цеди додека држи (да не отворам сега дискусија дека ставаат алуминиумски кабли наместо бакарни бидејќи се поефтини, а прашање е како ги пријавуваат и тн..). Можеби и сето ова се прави со цел купување социјален мир пред планираното либерализирање на пазарот кое неминовно ќе доведе до поскапување на ел. енергија. Најверојатно вистината е некаде помеѓу.
    Ова би сакал да го разберете како добронамерен коментар на вашиот текст, а не како напад или одбрана на некоја од страните.
    Поздрав.

    Одговори
    • Игор Мишевски

      Почитуван г-дин Јаноски,
      Благодарам на добронамерниот коментар. Не направивме детална анализа, ниту во ЕЛЕМ, ниту во МЕПСО, ниту во ЕВН, туку само површни од достапните документи на интернет (извештаи публикувани од РКЕ). Она што го изнесував во овој натпис а и во коментарите, не е да ги нападнам РКЕ, туку да отворам дебата за моменталната кревкост на системот врз основа на она што го имам утврдено, и што го имам константирано. Дефинитивно постојат недостатоци низ целиот систем, наше е да ги препознаеме и посочиме. Купувањето на социјален мир краткорочно можеби ќе реши некои ситни проблеми, но долгорочно ќе отвори многу.
      Да ги оставиме сите големи играчи во енергетскит сектор, мислам дека е време да се почне со целосна либерализација на производството и продажбата на ел. енергија, да се инвестира во дистрибуирани системи за производство на ел. енергија (мини централи кои ќе снабдуваат локални населби) и целиот систем да се направи понезависен. Потезите на РКЕ долгорочно ќе бидат доста битни, бидејќи 2015 година ќе дојде за миг, а ние ќе се чудиме како дојдовме до таа ситуација.
      Да скратам, уште еднаш благодарност до коментарот, мило ми е што развивме дискусија, која можеби ќе има некакво влијание врз целата состојба.
      Поздрав
      Игор Мишевски

      Одговори
  • bobce

    И јас не би се согласил со вашата анализа дека ,,маркетот,, е оштетен во случај на намалувајне на цената на ел. енергија (освен ако немате некој близок ваш таму). Пример во 2002 год. граѓански приклучок на мреза за 3 фазно броило коштал 60 тина евра , а денес кошта окулу 500 евра инвестициите во мрезата се надуени исто како што приказуваат и другите две комп.и не се реални,како што констатираа претходните коментари сето оди на сметка на гра ѓаните. Поздрав!

    Одговори
    • Игор Мишевски

      Здраво Роберт,
      ЕВН е оштетен, зошто цената на струјата што ја добива тој е драстично намалена (немаме близок таму :) ), и моја претпоставка е дека ќе стопираат со инвестиции и крајно со отпуштање. Јас ја чекам конечната одлука, ама мислам дека наредните 12 месеци се купува социјален мир за идни избори. Најголем проблем ќе бидат зимските месеци во кои ЕЛЕМ (поради хронични испади на РЕК Битола во зимските месеци) нема да достави потребна енергија која ЕВН ќе мора (законски) да ја увезе во зима по превисока цена. Ниската цена на струјата во никој случај нема да компензира со високите цени на приклучок (неколку илјада во годината) кои се повисоки од реалната инвестиција, која пак во секој случај е повисока од 60-те евра субвенционирана цена на приклучок 2002.
      Поздрав

      Одговори

Оставете коментар

© 2013 energetskaefikasnost.info - Developed by Internet marketing Nova Solutions. Powered by WordPress.

Оди на врвот