Контролерот
Контролерот е уредот кој ја управува работата на елетромоторот. Тој е најкомплексниот дел од електроавтомобилот и чини колку самиот електромотор, а често пати и двојно повеќе од него. Она што е Бош – пумпата кај дизел моторите или карбураторот кај бензинските мотори e она што е контролерот кај електромоторите кај електричните возила. Во зависност од притисокот на падалата за гас или на кочницата контролерот ќе додаде или одземе од потребната струја.
Батерии
Една од главните причини за бавниот развој на е-автомобилите е проблемот со складирањето на електричната енергија. До пред десетина години оловните акумулаторски батерии беа единствениот избор. После нив се појавија никел – кадмиумските, но и тие не нудеа баш многу повеќе, а од друга страна беа доста поскапи. Знаеме дека оловните батерии се доста тешки и робусни, а за да се опреми еден е-автомобил со истите потребни се доста такви. Математиката вели дека за еден KW потребно е околу 60 кг оловни батерии. Претворено во домет би дошло дека нѝ требаат 7 кг батерии за секој поминат километар. Така за еден е-автомобил да помине 100 км потребни му се отприлика 700 кг оловни батерии. Други недостатоци на оловните батери се тоа што им треба долго време за да се наполнат и тоа што нивниот капацитет опаѓа значително на пониски темпаратури. Векот на траење им се пресметува според циклусите на полнење. Оловните батерии за е-автомобили во принцип имаат век на траење од околу 500 до 1000 циклуси (полнење – празнење) или изразено во години околу пет календарски години.
Како алтернатива на оловните батерии се појавија литиумските батерии кои се три пати полесни за истиот капацитет. Но, сепак не е довлоно да се рече литиумска батерија затоа што постојат повеќе типови литиумски батери кои имаат битни разлики меѓу себе во смисла на конструкција, дополнителни материјали и хемиски процеси. Така, денес имаме LiYFePO4, LiPo, LiFePO4, LiMnCo и други со оглед дека речиси постојано се преставувват нови видови. Некои типови поднесуваат и брзо полнење и може да се наполнат за дваестина минути, а трајноста може да им биде и до десетина години. Без разлика што чинат повеќекратно споредено со оловните батерии тие се мошне поисплатливи и речиси да ги имаат истиснато од употреба оловните батерии.
Полначот на батериите
Полначот на батериите е еден од побитните делови на е-автомобилот. Од него зависи времето на полнење на батериите. Така, послабите полначи можат да ги наполнат батериите на е-автомобилот за 8-10 саати, додека помоќните за дваесетина минути. Полначот може да се вгради во автомобиот, а и не мора.
Ова се главните составни делови на е-автмобилот. Во некои наредни текстови ќе бидат презентирани подетални шеми и упатства за составување на е-автомобил.
4 Comments
Gele
Mnogu interesen tekst, ama i maku mu treba korekcija… eve eden del:
HHO generato e edna vrsta na baterija, koristene mnogu odamana (site vselenski misii dosega , a poteknuva uste od 1800 i nekoja godina) ,,kako edinstven problem so takva "baterija" e skladiranjeto na vodorodot, megutoa denes postojat rezervoari so visoko nivo na bezbednost.
Taka da ako nekogash "navtashite" "dozvolat" proizvotstvo na elektricni avtomobili, sigurno nema da imaat so niv olovni baterii .
Dejan P.
Koga ke bidat prezentirani semite i upatstvata za za sostavuvanje na vakov e-mobil?, Kade moze vo Makedonija da se nabavat pogolemi kolicini lituumski baterii i po koja cena? Se nadeva vo idnina ke ima i poveke statii od ovaa problematika so elektricnite avtomobili.
Green4life
Се работи на тоа да презентираме повеќе за тематиката Дејан но мора да имате малку трпение со оглед дека е доста материјал кој треба да се преведи
Ентузијаст
Кога ќе објавите туторијал за составување електричен автомобил? Не исцедоа со ова бензиниве.