Постојат различни видови на гипсени плочи а се од тоа за која намена ќе се искористат. Постојат три основна вида на гипсени плочи:
- GKB обични плочи
- GKBI отпорни на влага
- GKF отпорни на оган
Обични гипсени плочи можат да се најдат со следните дебелини: 12,5, 9,5mm и 9,5mm. 12,5 милиметерски плочи најчесто се користат за преградни ѕидови и за спуштени плафони. Можат да се најдат во следните димензии:
- 120×200
- 120×160
- 120×280
- 125×200
- 125×260 (тешко можат да се најдат на нашиот пазар)
- 125×280 (тешко можат да се најдат на нашиот пазар)
- 125×300 (тешко можат да се најдат на нашиот пазар)
Плочите кој што се отпорни на влага се наменети за оние простории со поголема влага како што се купатилата, сауни и слично. Се монтираат на ѕид или на плафон.
Плочите кој што се отпорни на оган се користат за поставување во оние простории кој што се изложени на високи температури.
Пратечкиот материјал кој што се користи за монтажа
Шрафови
Во монтажа на гипсениплочи се користат таканаречени браунирани шрафови кој што се отпорни на гипс и влага и кој што не рѓосуваат. Ги има во повеќе димензии: 3.5x13mm,3.5x25mm,3.5x35mm,3.5x40mm,3.5x50mm,4x75mm,4x100mm,150mm, најчесто се користат со димензии од 13, 25 и 35mm.
Типлови
Во продажба можат да се најдат 3 основна вида на типлови:
6×35
6×45
И метални (за поставување на плафон)
Висилици
Се користат за да се прицврсти конструкцијата за плафонот. Се состои од два дела: Жицата (250mm,500mm,750mm,1000mm) и од анкрефикс.
Сидро
Се користи за нивелација и за зацврстување на подконструкцијата во поткровјата.
Дистанцер
Се користи за спуштање на плафонот
One Comment
Блажен Зотовски
Почитувани, во горниот текст, на повеќе места неумешно се користат зборови како “водоотпорност”, “огноотпорност”, “браунирани шрафови”, “висилици”, “сидро”, како и шпекулации за достапност на материјалите на македонскиот пазар. За информации од областа на инженерингот на градежни материјали, посебно од областа на сувата градба, како информации за достапност на материјали, нивна регулирана употреба, контрола и атестирање, Ви стојам на целосно располагање.
Срдечен поздрав,
Блажен Зотовски, д.и.а