Преку енергетската ефикасност, да се намали загадувањето. Експертите советуваат дека постојат повеќе мерки за намалување на трошоците на енергија – да се изолираат становите, да се користат економски светилки, да се купуваат производи кои помалку трошат.
“ Цената на енергијата расте секој ден тоа го чувствуваме сите. Затоа мораме како домаќинства , како локална самоуправа и држава , самите да си помогнеме“- изјави Константин Димитров , МАЦЕФ.
Во насока на подобрување на енергетската ефикасност интензивно се вклучува и градот Скопје. Ново отворената канцеларија и Инфо центарот за енергетска ефикасност ќе имаат задача , да вршат надзор над потрошената енергија во сите објекти во сопственост на градот ,да подготвуваат проекти, да ги информираат граѓаните како да ги намалат своите трошоци. Градоначалникот Трајановски информира дека ќе се воспостави систем за управување со енергијата во сите објекти во сопственост на градот.
“ Град Скопје има за цел да ги намали трошоците за енергија во износ од најмалку пет отсто секоја година во текот на следните пет години . Тоа се однесува на намалувањето на емисијата на стакленички гасови, управување со трошоците за енергија и за подобрување на економската ефикасност во објектите“ изјави Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје
“ Во оваа држава постојат поголеми можности за искористување на обновливите извори на енергија“ изјави Валтер Лојкс, заменик амбасадор на Германија во Македонија .
Канцеларијата за управување со енергија и Инфо центарот се дел од регионалниот проект, Градење на капацитети за управување со енергијата во градовите. За реализација на проектот , поддршка дава Германското друштво за меѓународна соработка .
Љупка Камчева
Преземено од КАНАЛ 5