Генијално решение кое е прикажано на сајтот Cansolair, послужи како инспирација да се направи сличен соларен колектор во домашни услови. Се работи за многу ефикасен и евтин соларен колектор, за дополнително греење на станбени објекти, кој директно го загреева воздухот. Најинтересно е тоа што скоро целиот систем е направен од искористени-празни алуминиумски лименки.
Што ви е потребно (преземено од СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА )
Кутијата на соларниот систем е направена од дрво – шперплоча (15 милиметри). Предната страна е од поликарбонат или плексиглас со дебелина од 3 милиметри (0,12 инчи). На задната страна на кутијата е поставена стаклена волна (може и стиродур дебелина 20 милиметри), како еден вид на изолација.
Соларниот апсорбер е изработен од искористени пивски (или од некој друг вид на пијалок) лименки. Тие лименки понатаму се фарбаат во мат црна боја како еден вид на заштита од високите температури. Горниот дел на лименките е посебно обликуван (модифициран), за да се добие поголема поголема ефикасност на размената на топлина помеѓу лименките и воздухот.
Значи, како што рековме, прво што нѝ треба се празни алуминиумски лименки. Лименките треба да се измијат за да не се шири непријатниот мирис од преостанатите течности. ВНИМАНИЕ! Голем дел од лименките се од алуминиум, меѓутоа постојат и железни лименки. Користете магнет за проверка на лименките.
На секоја лименка со шајка ќе обележите место каде што ќе се направат дупките, со помош на алатот прикажан на сликите 2 и 3. Да напомениме дека сечењето треба д биде што попрецизно и да направите мали перки на врвот на секоја лименка. Улогата на перките е да го поттикнат турбулетниот проток на воздухот во рамките на секоја цевка. На тој начин се овозможва воздухот, додека поминува низ цевките, што поефикасно да ја собира топлината акумулирана на ѕидовите на лименките. Значи, внимателно да се исечи врвот на лименката во облик на ѕвезда, а потоа внимателно со клешта да се искриват деловите (слика 1). Сето ова да се направи пред да се залепат лименките.
Слика бр. 1
Слика бр. 2
Слика бр. 3
ВНИМАНИЕ! ОВАА ПОСТАПКА Е ОПАСНА ЗАРАДИ ТЕНКИТЕ ЅИДОВИ НА ЛИМЕНКИТЕ!
ВО ИДНИТЕ НАПИСИ КЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА ПОНАТАМОШНИТЕ ЧЕКОРИ ВО ПРАВЕЊЕ НА СОЛАРНИОТ КОЛЕКТОР.
Текстот е преземен и преведен од СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА
2 Comments
jovica stevanovic
ovo je odlicno
stefan
Мат црна се коисти за да подобро се загреат. Црната боја подобро привлекува инфра црвените заци.