Денес во Скопје започнува регионална конференција посветена на спроведувањето на енергетските политики на локалното ниво, организирано од страна на НВО „Аналитика“ од Скопје и „Советот за регионална соработка“ и е поддржана од страна на Европската комисија. Конференцијата се одржува во „Holiday Inn“ и ќе трае до 30 октомври.
Целта на оваа конференција е да се соберат локалните власти од државите на Западниот Балкан, претставниците на ЕУ, експерти, како и претставници на приватниот сектор, граѓанските организации, финансиските институции и релевантни меѓународни организации, со цел да се разговара за можности, стратегии и политики на зајакнувањето на локалните капацитети во енергетиката, како и управување со енергетски проекти и нивното финансирање. Во оваа насока, успешни енергетски проекти бараат изградба на мрежи, конзорциуми и партнерства со граѓанскиот и приватниот сектор и размена на искуства на различни нивоа – локално, национално и регионално.
Конференцијата ќе биди отворена од страна на амбасадорот на ЕУ во Македонија господин Аиво Орав. На конференцијата ќе учествуваат и претставниците на локалните самоуправи од Западниот Балкан како што се господин Ахмедин Шкријељ од општината Нови Пазар од Србија, госпоѓа Дијана Радевиќ од општината Подгорица од Црна Гора како и господин Љупчо Димов претставникот на општината Карпош, Македонија.
Конференцијата е организирана од страна на Европската комисија, „Советот за регионална соработка“ и „Аналитика“. „Советот за регионална соработка“ како наследник на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа, ја промовира меѓусебната соработка и евро – атлантските интеграции на Југоисточна Европа со цел да се инспирира и поддржи развојот на регионот. „Аналитика“ е непрофитна независен тинк-тенк организација, посветена на помагање на поединци и институции со цел да се поттикне траен напредок во демократијата и владеење во регионот на Југоисточна Европа. Двете институции имаат свои енергетски и инфраструктурни програми кои што се нивни основни области на работа.
Оваа конференција ќе ја приближи енергетската легислатива на ЕУ поблиску до локалните заедници во Западниот Балкан и ќе им овозможи подобро разбирање на релевантните енергетски политики на ЕУ, особено во областа на енергетска ефикасност (енергетски услуги, директивата 2006 / 32/EC, Енергетски перформанси на објекти, директива 2010/31/EU) и обновливи извори на енергија (Нова обновлива енергија, директива 2009/28/EC на амандмани и последователно укинување на директивите 2001/77/EC и 2003/30/EC), како и зајакнување на знаење и размена на искуства. Покрај тоа, таа ќе ги поддржи нови партнерства и можности за соработка.