Изградба на станбен објект е голем предизвик но во исто време и голема инвестиција. Пред да започнете со изградба на Вашиот дом треба да одлучите неколку работи: колку голема куќа ќе правите, колку и каков вид на простории планирате да изградите, од каков материјал ќе ја изградите куќата, каква дограма ќе поставите, каков кров, каков вид на греење и ладење, каков вид на изолација и фасада…но исто така е битно и колку енергија ќе троши, поточно да ли ќе изградите „обична“, нискоенергетска или пасивна куќа?
Нискоенергетските или пак пасивните куќи, денес се градат за да се намали потрошувачката на енергија, првенствено потрошувачката на енергијата за греење и ладење. Со оваа намелена потрошувачка на енергија индиректно се намалува и загадувањето на животната средина, поточно се намалуваат штетните емисии на CO2. Но покрај намалени енергетски трошоци и намалени емисии на штетни гасови, овие објекти ја зголемуваат удобноста на живеењето. Па да видиме кои се разликите помеѓу стандардните куќи, нискоенергетските и пасивните куќи.
„Обична“ куќа
Денес во Хрватска (а слично е и кај нас) треба да се градат станбени објекти, кој што во просек трошат помеѓу 80 до 100 kWh/m2 на годишен ниво само за потребите на греење. Тоа значи дека ваков вид на куќа за потребите на греење троши околу 9 lit/m2 мазут на годишен ниво, 9 m3/m2 природен гас на годишен ниво или пак 18 kg/m2 дрвени пелети исто така на годишен ниво.
Нискоенергетска куќа
Од друга страна овој вид на станбен објект, троши околу 30 kWh/m2 енергија на годишен ниво за да се задоволат потребите на греење. Според истите пресметки, оваа куќа троши три пати помалку енергија – 3 lit/m2 мазут на годишен ниво, 3 m3/m2 природен гас на годишен ниво или пак 6 kg/m2 дрвени пелети на годишен ниво. Зошто оваој објект троши толку помалку енергија? Постои неколку фактори зошто е тоа така:
- Куќата е ориентирана кон јужната страна
- Подобра ориентација на собите – дневната е насочена кон јужната страна, другите соби кон северната)
- Компактна градба
- Добра изолација на комплетниот објект
- Прозорци со трослојно стакло
- Контролирана вентилација
- Ниско температурен систем за греење
За да се зголемат енергетските придобивки се препорачува:
- Активно користење на сончевата енергија – сончеви колектори за топла вода и фотоволтаични панели за производство на електрична енергија
- Пасивно користење на сончевата енергија по пат на големи стаклени површини ориентирани кон јужната страна
Пасивна куќа
Пасивната куќа е објект кој што троши околу 15 kWh/m2 енергија за греење на годишен ниво. Овие куќи се нарекуваат и како еднолитерски куќи. Според пресметките направени како и за претходните две куќи, овој станбен објект троши 1,5 lit/m2 мазут на годишен ниво, 1,5 m3/m2 природен гас на годишен ниво или пак 3 kg/m2 дрвени пелети на годишен ниво. Ова се постигна со користење на:
- Квалитетна изолација
- Контролирана вентилација
- Прозорци со трослојно Low –e стакло исполнети со аргон
Да видиме на еден пример кои се енергетските трошоци на различни видови на станбени објекти:
Куќа 200 m2/потрошувачка на гориво | Мазут годишно | Пелети килограми годишно | Вредност на мазут годишно | Вредност на пелети годишно |
Обична | 1800 | 3600 | 9.342,00 kn | 5.328,00 kn |
Нискоенергетска | 600 | 1200 | 3.114,00 kn | 1.776,00 kn |
Пасивна | 300 | 600 | 1.557,00 kn | 888,00 kn |
(мазут = 5,19 kn/lit, пелети = 1,48 kn/kg, 1 евро вреди околу≈7,5 куни )
Па да ли се одлучивте каков станбен објект ќе си изградите?
Извор:Пасивна куќа
2 Comments
lence
kolku odprilika kosta da se realizira eden proekt za proizvodstvo na peleti ili briketi,kolkava prostorija treba i se razbira kolku kosta vasiot izraboten biznis plan….navistina sum zainteresirana…pozdrav
Предраг Стојковски
Почитуванa Ленче,
Контактирајте ме на predrag@energetskaefikasnost.info и ќе Ви одговорам на Вашите прашања.
Поздрав!