Во организација на Агенцијата за енергетика на Република Македонија денеска во Скопје ќе се одржи Меѓународна конференција на тема „Бизнис планирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на земјите од Југоисточна Европа“.
Целта на конференцијата е на едно место да ги собере изработувачите на проектите и финансиерите за да се воспостави дијалог помеѓу различните чинители заинтересирани за проекти од енергетската ефикасност и обновливата енергија, како и да се подобри знаењето за меѓународните стандарди за неопходната проектна документација.
Организацијата на конференцијата е потпомогната од Центарот за климатски промени, норвешката компанија Норск Енерџи и Економската комисија на ОН за Европа (УНЕЦЕ).
Преземено од: МТВ