Лежите на вашата омилена плажа, апсорбирате сончеви зраци и понекој машки поглед и уживате во музиката на вашиот ајпад и ја користите омилената апликација со вашиот ајфон. Сѐ е добро сѐ додека батеријата е полна. Потоа сѐ се менува. Во тој момент приказната за ајфонот и ајпадот завршува. Нема музика, нема ајфон а и нема каде да ги наполните.
Сепак, њујоркшиот дизајнер Ендрју Шнаијдер измисли соларни бикини кои имаат капацитет да наполнат смартфон или некој сличен гаџет додека вие се сончате на вашата омилена плажа. Денес соларните бикини се реалност и може секој да ги има. Секое соларни бикини има 40 тенки фотоволтаични ленти кои на крајот завршуваат со УСБ на кое се приклучуваат уредите.
Се работи за класичен УСБ порт како кај сите компјутери и лаптопи. Со оглед дека енергијата не се зачувува или складира во бикинито, тие се безбедни и за пливање со нив. Не е препорачливо да се прикачува некоја направа за полнење додека сте во водата. Исто така тие мора да бидат потполно суви пред да почнат со полнење и пред да биде некоја направа приклучена на нив.
Соларните бикини се одличен начин да го привлечете вниманието покрај со својата фигура и со својата еко свест и како вие придонесувате во борбата против климатските промени.