Кај минералната волна влакната се потенки, подолги (20-25 cm), испреплеткани и еластични за разлика од камената волна, чии влакна се подебели, погруби и пократки, и поради ова можат да создадат повеќе прашина, која што е основен предизвикувач на иритација на корисниците. Ова посебно се однесува на оние производи кој што не се добро пресирани.
Инаку сите реномирани производители на материјали од минерални влакна поседуваат ознака на квалитет RAL кој што се издава на независниот Институт за токсикологија и радиологија во Франкфурт на Мајна и на таков начин дава гаранција на корисниците дека материјалот нема негативни влијанија на нивното здравје и на природната средина.
Во литературата па и во праксата најчесто се придава мал значај на едукација за материјалите и најчесто се користат стари вредности кој што се пропишани од пред неколку децении. Оваа можеме да го разбереме бидејќи пред 30-40 години понудата на изолациони материјали беше поинаква, но од друга страна неразбирливо е малата желба за едукација и за запознавање на нови адекватни материјали.
Во одредени конструкции, камената волна има едноставна и лесна инсталација. Но од друга страна минералната стаклената волна како поеластичен производ со подолги влакна, природно предодреден лесно да се прилагодува на сите видови на површина, може лесно да се сечи и поставува на најразлични површини со што се намалува можност на создавање на топлински и звучни мостови во одредени случки.
Автор: Влада Безбрадица
Извор: Build magazin