Предности на минералната стаклена волна во системите на вентилирана фасада:
- Коефициентот на топлинска спроводливост l = 0, 035-0, 040W/m2K – е иста како и вредноста на камената волна.
- Компактност на материјалот – стаклената волна во системите на вентилирана фасада има густина од 24-35kg/m3, а нејзините долги и испреплеткани влакна обезбедуваат извонредна компактност и постојаност во овие системи. Во споредба со камената волна која исто така се препорачува за системи за вентилирана фасада (од 50-100kg/m3) не постои голема разлика во компактноста. На нашиот пазар често пати се мешаат термините како што се компактност и густина што претставува апсурд и воглавно преовладува мислење – што потешко тоа подобро. Во текстот на М. Богичевиќ „Градете паметно – изолирајте попаметно“, се наведува податок дека авионите на Airbusсе изолираат со минерална стаклена волна поради своите термички карактеристики и поради својата прилагодливост. XPS е исто така материјал со мала густина (30-35 kg/m3), компактен е и отпорен на притисок, но неговата тврдост нема никакво влијание во фасадните системи бидејќи материјалите не трпат никакво оптеретување, а од механичките влијанија ги штити завршната облога од стакло, камен, лим… Кај нас во самата пракса да дури во проектот на системот на вентилирана фасада се предвидуваат материјали од 100-120kg/m3 (дури и од 200 kg/m3),што е непотребно – дополнително ја оптеретува конструкцијата и ги зголемува трошоците на материјалот и го продолжува рокот на самата изградба.
- Хидрофобност – Материјали од минерални влакна мораат да бидат дополнително збогатени со хидрофобни адитиви со кој што ќе се оневозможи поминувањето на атмосферската влага помеѓу влакната на производот и со тоа ќе се сочуваат неговите термофизички карактеристики.
- Негорливост – Материјали мораат да бидат отпорни на оган. И камената и стаклената волна спаѓаат во А1 класа на горливост – поточно овие материјали не горат.
Автор: Влада Безбрадица
Извор: Build magazin