Минатата недела на регионалната конференција посветена на спроведувањето на енергетските политики на локално ниво, имав прилика да се сретнам со голем број на претставници на локалните самоуправи од регионот. Меѓу другите имав чест да се запознам со Слаѓана Лазаравиќ, од црногорската општина Бар. За тоа што е се направено на поле на енергетска ефикасност во оваа општина во следниот интервју:
Кажете ни што е се направено во општината Бар на поле на енергетска ефикасност:
Како прва општина која што го воспостави системот на енергетскиот менаџмент, можеме да се пофалиме дека направивме голем број на активности поврзани со енергетска ефикасност. Активностите се реализирани во рамките на MARIE проектот – „Преиспитување на медитеранскиот стил на градење со цел на подобрување на енергетската ефикасност“, финансиран од страна на ЕУ кроз транснационалниот Програм за соработка на Медитеранот, а во заедничка соработка на 22 партнери од 9 медитерански држави. Имено, се спроведувањето на оваа програма, барската општина ги исполни законските обврски, пропишани од страна на Законот за енергетска ефикасност. Ние направивме квалитетна база на податоци и воспоставивме информационен систем кој што ни овозможува да ја следиме, контролираме и анализираме потрошувачката на електрична енергија на ниво на локалната самоуправа. Врз основ на оваа база на податоци, бевме во можност да ги направиме сите потребни анализи и да ги предложиме мерките кои што претставуваат основа за тригодишна програма за унапредување на енергетската ефикасност како и за донесување на планови за нејзината реализација.
Кои се ефектите на реализирани проекти?
Медитеранскиот регион како и другите региони и држави во рамките на Европска унија, мораат да ги достигнат енергетските цели до 2020 година, кои што се навистина амбициозни. Поради овие причини, стратешката цела на MARIE проектот ќе резултира со „Медитеранската Стратегија за унапредување на енергетската ефикасност на зградите“. Имплементацијата на овој проект ќе трае до средина на 2014 година и очекуваме дека со реализацијата на овој проект ќе се унапреди енергетската ефикасност во Медитеранскиот регионот па и пошироко.
Покрај веќе спомнатиот проект на кој што работиме, барската општина, заедно со реномирани институции, работи на еден пилот проект кој што за цел има дефинирање на мерки кој што ќе ја унапредат енергетската ефикасност на веќе постоечки објекти во четири градски зони.
Исто така, неодамна организиравме тркалезна маса на тема „Воспоставување на системот на енергетскиот менаџмент во општина Бар“, на кој што учествуваат енергетските менаџери на црногорските општини, како и за претставниците на Министерството за економија. Овој настан беше идеална прилика да се на локален и државен ниво претстави еден пример на добрата пракса, со цел на имплементирање на системот на управување на енергија и во други црногорски општини.
Со какви предизвици се соочивте во текот на реализацијата на овие проекти?
Свеста за енергетската ефикасност, подобрување на комфорот во зградите во кој што живееме и работиме, како и придонес на секој поединец но и на секоја институција за заштита на животната средина е се уште на низок ниво. Затоа во текот на реализацијата на овие проекти наидовме на голем отпор како од поединците, но од друга страна наидовме на многу квалитетна соработка со претставниците на јавните претпријатија, кои што овие активности ги видоа како добра основа за реализација на идните проекти, поголеми инвестиции во инфраструктура, како и унапредување на енергетската ефикасност.
Најголемиот проблем, во собирањето на податоците на потрошувачката на енергијата за сите јавни објекти и системи кои што се во сопственост на општината, беше недостаток на квалитетни или непостоење на било какви бази на податоци, евиденција на сметки но и податоци за енергетските карактеристики на јавните објекти.
Исто така, слабото познавање на правната легислатива во областа на енергетската ефикасност претставува значајна бариера. Бидејќи правниот систем кој што ја покрива енергетската ефикасност е прилично комплексен, со голем број на нови поими, термини и концепти, кои што се сè повеќе употребуваат, ни наметна потреба за изработка на прирачник кој што ќе ја опфати оваа област, а со цел оваа комплексната област да се прикажи на што поедноставен начин. „Прирачник за правната рамка во областа на енергетската ефикасност во Европската Унија и Црна Гора“, напишана од страна на Радован Никчевиќ, претставува прва публикација посветена на енергетската ефикасност во Црна Гора. Издавачот на прирачникот е барската општина.
Покрај реализираните проекти, да ли планирате и некој други проекти од областа на енергетска ефикасност?
Мојата обврска како енергетски менаџер на барската општина, не е само анализирање и контролирање на моменталната енергетска состојба и праќање на овие информации кон ресорното Министерство, туку и континуирано изнаоѓање на можности за спроведување на оние мерки кои што стануваат приоритетни, а кои што го овозможуваат стратешкиот развој на општината. Од овие причини веќе работиме на предлог на нови активности поврзани со зголемување на енергетската ефикасност а кои што се во рамките на нови меѓународни проекти.
Според Вашето мислење, кои се најголемите пречки кои што стојат кон поголемата имплементација на концептот на енергетска ефикасност во Црна Гора и како истите да се елиминираат?
Институционалните, потоа кадровските, финансиските, но и пазарните бариери ја кочат имплементацијата на овој значаен концепт. Црна Гора се уште нема усвоени под законски акти кои што произлегуваат од Законот за енергетска ефикасност, што секако претставува голема бариера за имплементација на мерките поврзани за проектирање на објектите. Исто така на единиците на локалната самоуправа им се наметнаа големи обврски кои што произлегоа од Законот за енергетика и Законот за енергетска ефикасност. Поради овие обврски, буџетот на локалните самоуправи е под голем притисок. Од овие причини, учествувањето во меѓународните проекти даваат шанса не само да се обезбедат финансиските средства неопходни за имплементацијата на концептот на енергетска ефикасност, туку да се низ соработка со поискусни партнери, оспособи стручниот кадар кој што се занимава со енергетската ефикасност.