Кога тргнуваме во реализација на енергетската независност, со помош на фотоволтаичните системи, треба да направиме одредени пресметки на енергетската потрошувачка – режим на користењето на енергијата и како ќе се снабдуваме со енергија во зимските месеци. Бидејќи фотоволтаичните системи не се евтина работа, системот треба да биде оптимално димензиониран, а се со една цел – оптимално задоволување на енергетските потреби.
За да имаме оптимален фотоволтаичен систем, истиот треба да го димензионираме за најнеповолен период – зимските месеци. Доколку енергетската потрошувачка е претежно сезонска или пак за време на викендот (викендички), тогаш опремата ќе биде димензионирана врз основ на овој вид на потрошувачка.
Самостојните фотоволтаични системи се поставуваат на оние места, на кој што не е возможно поврзување на електро-енергетската мрежа, без разлика дали оваа поврзување е оневозможено поради специфичните теренски услови или пак поради цената на поврзувањето.
Доколку цената на електричниот приклучок е поскапа или иста со цената на фотоволтаичниот систем, тогаш инвестицијата во овој систем е профитабилна уште во самиот старт – нема да добивате сметки за потрошената електрична енергија.
Основните елементи на еден самостоен фотоволтаичен систем се:
- Фотоволтаични панели
- Акумулатори
- Инвертори
- Регулатори
- Друга дополнителна опрема (кабли и слично)
Основниот елемент на овој систем се фотоволтаици, кој што ја трансформираат сончевата енергија во електрична енергија. Како што спомнувавме во претходните постови, овие панели можат се најдат со различна инсталирана моќност и во различни димензии. Акумулаторите ни се потребни за складирање на вишокот на произведената електричната енергија
Регулаторите на напонот се електронски уреди кој што се поставуваат помеѓу фотоволтаиците и акумулаторите – променливиот напон од фотоволтаиците се трансформира во прецизно контролиран напон со кој што се полнат и одржуваат батериите. Енергијата со еднонасочен напон од 12 или 24 V од батериите со помош на инверторите се трансформира во наизменичен напон од 230 V. Се препорачуваат синусни инвертори.
Доколку се размислувате за поставување на еден ваков самостоен сончев систем, контактирајте не заедно да го направиме системот, со кој што ќе станете енергетски независни.
Спонзориран текст – ЕКО-БИОФОРУМ ДОО