Сите знаеме колку е во Грција тешка економска и политичка состојба (комшии ни се). Но и покрај оваа тешка состојба, Грција има со што да се пофали. Имено само во јануари 2012 година во оваа држава се инсталирани и на мрежа приклучени 300 мегавати на сончеви фотоволтаични системи, што е за една третина повеќе од 2011 година.
Грчкиот оператер на електро енергетската мрежа Лагие, јавува дека од инсталираните 300 мегавати, 282 се сончеви централи кој што се инсталирани на земја, додека 18 мегавати се поставени на покривите. Моменталната моќност на инсталираните фотоволтаични централи во Грција изнесува 1,72 гигавати, а до крајот на годината се очекува дека ќе се зголеми на 2,58 гигавати.
Основниот фактор, кој што ја поттикна изградбата на сончевите фотоволтаичните системи се пониските feed – in тарифи. Исто така, грчкото министерство на развој, конкурентност, инфраструктура, промет и мрежи, дополнително го поттикна развојот, намалувајќи ги административните бариери. Новиот закон на сопствениците на фотоволтаичните централи им овозможува поедноставно проширување на капацитетот и исто така се елиминира стариот услов, кој што бараше посебни дозволи за измена на застарената опрема.
Новиот закон ќе биде донесен до април оваа година. Според новиот закон изградбата и лиценцирање на централите до 100 киловати ќе биде поедноставно о побрзо. Менувањето на опремата како и проширувањето на инсталираната моќност до 10% на постоечките капацитети, ќе биде поедноставно – нема потреба за дополнителни лиценци и дозволи.
Извор: ekokuce.com