Најголем број на српски фамилии, се греат на цврсти горива. Пред се сè работи за разни видови на јаглен, но поради пониската цена, побарувачката за дрво е се поголема.
Дури и оние кој што се греат на гас или струја, купуваат дрва за евентуално догревање на становите.
Во Србија 1/3 на граѓани користaт цврсти горива, но оваа бројка ќе се зголеми за околу 10%. Јагленот се продава одлично, но побарувачката за дрва је уште поголема.
Трговците велат дека оние домаќинства кои што имаат етажно греење на струја или гас премина на пелет. Исто така голем број на граѓани прават дополнителни резерви, бидејќи не ја заборавија минатата остра и долга зима.
Се продаваат сите видови на дрва. Кога го нема дабот или буката добар е и багремот. Во јужниот дел на Србија, еден кубик на дрва чини околу 30 евра, додека цената во поголемите градови изнесува помеѓу 40-50 евра. Но поради големата побарувачка, цените ќе се зголемат и покрај ниската куповна моќ на граѓаните, кои што дрвата ги купуваат на рати.
Покрај стандардната продажбата, каде што дрвата се продаваат според кубикажа, во последно време дрвата се продаваат во посебни вреќи. Така цената на една вреќа со дрва изнесува околу 400 динари (≈3,5 евра). Според трговците, граѓаните купуваат во просек 3-4 вреќи дневно – колку што имаат пари.
Стовариштата се добро снабдени со сите видови на јаглен. Во текот на летото цените на јагленот се зголемени за околу 10% поради зголемените цени на транспортот.
Најповеќе се продаваат најевтините видови на јаглен – „колубара„ и „костолац„. Една тона на овој вид на јаглен чини околу 5,500 динари (≈48 евра) или 6,500 динари (≈57 евра). Од првиот октомври цените ќе бидат дополнително зголемени поради зголемениот износ на ДДВ.
Извор: b92.net