Големите горештини кој што владеат во западната Африка ја елиминираа можноста за обработка на почвата, за одгледување на било каков вид на градинарски култури. Но денес со помош на сончевата енергија, градинарството станува реалност. Сенегалското село Лумпули стана мала оаза – се одгледуваат домати и други градинарски култури. Во селото е поставен сончев систем со инсталирана моќност од околу 2 киловати кој што ги напојуваат сончевите пумпи кој што ја вадат водата која што се наоѓа на длабочина од околу 100 метри.
„Ова е вистинско чудо. Последниот дожд го видовме уште во октомври минатата година, но ние имаме вода со која што ги задоволуваме сите наши потреби. Одгледуваме кромид, зелка, домати и сите други видови на зеленчук“, изјави Ајша Да од селото Лумпули.
Околу 74% од вкупното население од Сенегал нема пристап до електрична енергија. Државата постави панели во 13 оддалечени села, како дел од пилот проектот на меѓународните донатори, а секој систем чинеше околу 4.000 долари.
„Убавината на сончевата енергија е во тоа што трошоците се многу пониски во однос на други видови на енергија. Наводнувањето со помош на пумпата која што работи со помош на сончеви панели чини помалку во споредба со дизел агрегатите“, изјави Беноит Лебот од УНДП.
„Кај меѓународните агенции постои интерес за имплементација на нови проекти, како што се поставување на нови ветерни генератори или пак поставување на нови сончеви панели како во Сенегал, така и во другите држави. Но за жал нашата влада не е заинтересирана за алтернативните видови на енергија“, изјави новинарот на Ал Џазира Николас Хакуе.
Во моментот Сенегал потпиша договор за изградба на термоцентрали во вредност од околу пола милијарди евра.
„Нашата држава ја субвенционира енергијата. Тоа е скапо и го оптеретува нашиот буџет, па затоа инвестиравме во термоцентрала, која ни дава брза и евтина енергија.“, изјави портпаролот на сенегалското Министерство за енергија Фатоу Тиам.
Активистите кој што се борат против корупцијата во Сенегал не се многу убедени на аргументите за изградба на термоцентрала. Тие ја обвинија администрацијата за примање на мито и се убедени дека сончевата енергија чини помалку.
„Сакаме Владата да ги објави потпишаните договори. Мораат да дадат објаснение зошто сакаат да инвестираат во јаглен а не во сончева енергија“, изјави Бихран Сак од Transparency International.
Сончевата енергија може да ја загрози Владате – не ќе може да го контролира производството и дистрибуцијата на производството на електричната енергија од сончевите панели. Сонцето е стабилен, бесплатен чист и лесно достапен извор на енергија, а инвестирање во зелена ја дава моќта на оние на кој што им е најпотребна.
Извор: Ал Џазира